за

Дизајнот и се позлати на новата серија 5 на BMW

Пет модели од групацијата BMW се одликувани со највисокото признание за дизајн во светот, во рамките на годинешниот iF Design Award. Златото и припадна на новата генерација на серијата 5.

Mini Vision Next 100, Rolls-Royce Next 100 и BMW Motorrad Vision Next 100, тројката со којашто Баварците ја прославуваа својата стогодишнина, како и концептот за идниот X2, одликувани се за иновативниот дизајн и напредните технологии во рамките на iF Design Award. Во категоријата сериски автомобили, златото и припадна на серијата 5.

Експертите на ценетото жири на овој избор не ги пропуштија ниту производите за секојдневието, коишто ги создава Designworks, специјализирана компанија на BMW. Награди добија спортските обувки Puma X-Cat, шлемот BMW Vision Ride со проекциски дисплеј и BMW Racing Wheelchair, дизајнирана за паралимписките игри.

Во атракцијата „BMW Welt“ шеста година се доделуваа наградите на iF Design Awards 2017. Меѓу критериумите на оваа знајачна манифестација од светот на дизајнот не спаѓаат само изгледот и формата, туку и иновативноста, ергономијата, функционалноста и заштитата на животната средина.

Жирито составено од 58 светски експерти за дизајн ја одликуваше серијата 5 на BMW за иновативниот концепт и динамично-елегантната форма со „iF Gold Award“, како највисока награда на реномираната манифестација. Експертите беа особено убедени во прецизноста на спортскиот дизајн, препознатливоста на марката во надворешниот и внатрешниот дизајн, како и во балансот меѓу емотивноста и визуелниот впечаток.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus го потврди серискиот старт на UX

Skoda подготвува електричен модел за салонот во Шангај