за ,

Дизајнерската судија Intrado го прикажува новиот изглед на Hyundai

Корејците подготвија дизајнерска студија за салонот во Женева, необична во изгледот, но и во погонската техника. Hyundai Intrado вози на водород и испушта чиста вода.

Hyundai е во потрага по нов изглед за неговите модели. Дизајнерската студија Intrado ќе покаже како тие би изгледале во блиска иднина. Теренското возило со покрив како кај купе е дизајнирано во европското студио на Hyundai во Риселсхајм, Германија, и воедно е првото возило со знак на Hyundai што е дизајнирано под надзор на првиот човек на дизајнот на Kia, Петер Шрејер.

Прво возило на Hyundai креирано од дизајнерската ѕвезда на Kia

Германецот му скрои на Intrado впечатливи спојлери, задни врати што се отвораат наназад и нова маска со шестаголна форма. Оваа маска во иднина ќе се користи за сите идни модели на Hyundai. Освен дизајнот, друг интересен момент кај студијата е примената на карбонски панели во каросериската структура, како и лесни челични лимови со висока цврстина.

Купе теренецот со димензии што се слични на актуелниот ix35 поседува горивни ќелии како погонска единица. Лани Hyundai го претстави ix35 Fuel Cell, како прв автомобил со горивна ќелија од сериско производство. Иновативниот погон од овој спортски теренец што користи водород како погонско гориво, во меѓувреме созреа до следниот степен на развој. Новитет во погонот е батеријата со капацитет од 36 киловатчасови, како најголема батерија што во моментов се вградува во возило од класата на ix35. Со водородот што се чува под висок притисок во два резервоара и во горивната ќелија се претвора во електрична енергија, Intrado минува до 600 километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin во Женева: Боја и коњски сили во замена за нов модел

Украдениот Chevrolet Bel Air пронајден по 30 години