за

Дизајнерите на Kia се „тимот на годината“

Kia понесе дури три титули на „Натпреварот на автомобилските марки“. Корејската марка го има најдобриот дизајнерски тим, најдобриот концептен автомобил и најдобриот каросериски дизајн.

Kia Motors се најде меѓу големите победници на годинешниот „Натпревар на автомобилските марки“. Жирито на единствениот неутрален натпревар во дизајн што се одржува на меѓународно ниво го одликуваше корејскиот производител во три категории: Дизајнерскиот тим под раководство на Петер Шрејер е прогласен за „тим на годината“, студијата Provo од женевскиот салон во минатата година ја доби наградата „најдобра меѓу најдобрите“ во категоријата на концептни авозила, а втората генерација на кросоверот Soul е одликувана за најдобиот каросериски дизајн во категоријата на големосериски производители.

„Ова трикратно одликување е најголема потврда за работата на нашиот дизајнерски тим, којшто апсолутно го заслужи овој успех“, изјави Петер Шрејер, главниот дизајнер на Kia. „Првокласниот автомобилски дизајн не е случаен производ, туку резултат од континуиран процес, којшто се базира на страста и на посветеноста во деталите. Само тие што се грижат за интензивна размена на идеи и се отворени за влијанија од различни подрачја, можат да бидат навистина креативни.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat во градот на модата: Ексклузивна серија на „чинквеченто“

Рускиот пазар не им се посреќи на автомобилските гиганти