за

Десктоп верзијата на GTA V одложена за март

Rockstar ја одложи десктоп верзијата на GTA V за крајот на март и ги објави системските претпоставки за акциската игра. За неа ќе бидат потребни 65 GB на дискот.

Десктоп верзијата на акциската игра GTA V се одложува за крајот на март. Тоа го објави Rockstar на својата интернет страница. Играта првично требаше да се појави веќе кон крајот на јануари. Според Rockstar, потребни се уште неколку недели за тестирање и за дотерување на последните детали.

Објавени се барем системските претпоставки за овој спектакл. Играта зафаќа 65 GB на дискот, односно повеќе и од надградбата за Assassin Creed Unity, а бара и четиријадрен процесор со 4 GB работна меморија. За течно одвивање на играта, Rockstar препорачува Intel Core-i5 3470 или AMD FX-8350 и 8 GB меморија. Покрај тоа, системот треба да има Nvidia GeForce GTX 660 или AMD Radeon HD 7870 со 2 GB видеомеморија. Rockstar упатува на тоа дека проширувањата за преземање и нормалните надградби може дополнително да влијаат врз системските претпоставки. Десктоп верзијата подржува и 4K, за што Rockstar објави и неколку слики.

Првичната верзија за GTA V се појави уште во септември 2013 за Xbox 360 и PS3. Во ноември 2014 пристигна преработената верзија за Xbox One и Playstation 4 со екслузивни функции. За сите возила и летала е изработен нов 3D кокпит, сите модели на оружја и геџети се преработени и додадени се анимации. Според главниот аниматор Роб Нелсон, само за оружјата се вградени 3.000 нови анимации. Освен со его-перспективата, преработената GTA V се одликува со текстури со подобра резолуција, погуста вегерација и поголем виден досег.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Детроит 2015: Втора генерација на електромобилот Chevrolet Volt

Skoda Fabia е најбезбеден автомобил во класата според Euro NCAP