за ,

Кои се десетте најслабо продавани автомобили во Европа?

Кои се десетте најслабо продавани автомобили во Европа?

Бестселерите на автомобилските марки сите ги знаеме и гледаме, тие ја сочинуваат секојдневната улична слика. Некои автомобили сепак се послабо прифатени од купувачите. На оваа анти-топ 10 листа ги претставуваме последните меѓу најпродаваните 100 модели на европскиот пазар.

Golf, Clio, Fiesta. Овие три моделски имиња и нивните најблиски конкуренти, со генерации наназад ги предводат продажните статистики на европскиот пазар. Со мали осцилации угоре или удолу, овие модели најчесто излегуваат од продажните салони на автомобилските марки. Тие се пазарна класика и ги задржуваат симпатиите кај купувачите и покрај тоа што производителите постојано воведуваат нови концепти на возила и отвораат нови сегменти.

Десет последни меѓу стоте најпродавани автомобили на европскиот пазар

Но, како изгледа на спротивниот крај на списокот? Тука ги разгледуваме последните десет меѓу стоте најпродавани модели на европскиот пазар до мај. Моделите што следат по Топ 100, обично се луксузни крстосувачи или суперспортски модели, автомобили чијашто цена или ограничена практичност во секојдневието оневозможува истите да се постигнат повисоки продажби.

Погледнете ја и следнава објава:

Ова се најеколошките (и најевтини) автомобили на македонскиот пазар

Не е изненадување што повеќе од половината од овие „анти-топ 10“ модели припаѓаат во премиум сегментот. Тие се поскапи од моделите од стандардната понуда, соодветно се повисоки и трошоците за одржување. Нормално е што европските купувачи се решаваат за поприземната понуда на големоволуменските марки. Тоа не мора да биде правило. Mercedes C-Class, на пример, на списокот се наоѓа на 18-то место, со близу 90 илјади продадени примероци во првите пет месеци од годинава. Серијата модели од средната класа на Mercedes се продава подобро од Peugeot 2008 или Opel Mokka. Во споредба со Skoda Superb, марката од Штутгарт продава двојно повеќе од својот C-Class.

Во продажните статистики секогаш се крие по некоја нова приказна

Разбирливо, од производителите никогаш нема да се слушне поплака дека некој од нивните модели заостанува во продажбата. Ford Ecosport, на пример, со продажбата заостанува светлосни години зад Renault Captur или Peugeot 2008. Бразилскиот модел на Ford не достигнува ниту една третина од продажбата на своите конкуренти. Пазарот има свои правила, но изненадувањата никогаш не се исклучуваат. Како денес, така и децении наназад, некои модели едноставно не успеваат да допрат до купувачкиот дух. Погрешните процени и лошите моделски стратегии донеле бројни марки до колапс.

Во овој преглед на десетте најслабо продавани модели ги наведуваме и бројките од останатите модели од истата марка, коишто се пласирани повисоко во Топ 100. Заради поточна претстава околу котирањето на десетте анти-топ 10 модели, нивната продажба ја споредуваме и со продажбата на конкурентските модели.

91-во место од 100 · BMW серија 4

Продадени примероци од јануари до мај: 30.649 (+0,3%)

BMW serija 4

Модели на BMW што се продаваат подобро од серијата 4 (кабриолет, купе, купе-лимузина)

  • Серија 3, на 34-то место, со 62.557 примероци
  • Серија 1, на 36-то место со 58.464 примероци
  • X1, на 45-то место со 51.886 примероци
  • Серија 2 на 55-то место со 42.807 примероци
  • Серија 5 на 56-то место со 42.647 примероци

Конкуренцијата не може да се спореди директно, Mercedes ги води заедно дополнителните каросериски изведби на C-Class, додека Audi A5 не е меѓу топ 100.

92-ро место од 100 · Mercedes GLA

Продадени примероци од јануари до мај: 30.610 (+3,7%)

mercedes gla

Модели на Mercedes што се продаваат подобро од GLA

  • CClass, на 18-то место со 88.235 примероци
  • AClass на 33-то место со 64.649 примероци
  • EClass на 37-мо место со 57.864 примероци
  • GLC на 62-ро место со 40.710 примероци
  • Sprinter – патничка верзија, на 87-мо место со 31.987 примероци
  • BClass, на 88-мо место со 31.776 примероци

Од конкуренцијата, BMW X1 е на 45-то место, со 51.886 примероци, додека Audi Q3 е на 68-мо место со 39.078 примероци.

93-то место од 100 · Volvo V40

Продадени примероци од јануари до мај: 30.359 (+5,7%)

volvo v40

Модели на Volvo што се продаваат подобро од V40

  • XC60 на 57-мо место, со 42.218 примероци

Од конкуренцијата, Audi A3 е на 21-то место со 84.415 примероци, Mercedes A-Class е на 33-то место со 64.649 примероци, BMW серија 1 е на 36-то место 58.464 примероци.

 

94-то место од 100 · Audi Q5

Продадени примероци од јануари до мај: 29.932 (+4,3%)

audi q5

Модели на Audi што се продаваат подобро од Q5

  • A3 на 21-во место со 84.415 примероци
  • A4 на 32-ро место со 68.895 примероци
  • A6 на 59-то место со 41.493 примероци
  • A1 на 63-то место со 40.473 примероци
  • Q3 на 68-мо место со 39.078 примероци

Од конкуренцијата, Volco XC60 e na 57-мо место со 42.218 примероци, Мercedes GLC е на 62-то место со 40.710 примероци, Range Rover Evoque е на 96-то место со 29.485 примероци, BMW X3 не е меѓу Топ 100.

95-то место од 100 · Peugeot 108

Продадени примероци од јануари до мај: 29.858 (-3,3%)

peugeot 108

Модели на Peugeot што се продаваат подобро од 108

  • 208 на 10-то место со 114.503 примероци
  • 2008 на 19-то место со 87.609 примероци
  • 308 на 23-то место со 83.025 примероци
  • 3008 на 35-то место со 59.309 примероци
  • Partner на 64-то место со 40.462 примероци

96-то место од 100 · Range Rover Evoque

Продадени примероци од јануари до мај: 29.485 (-3,3%)

range rover evoque

Evoque е најпродаван модел на Land Rover меѓу Топ 100. Продажбата на конкуренцијата е наведена погоре.

97-мо место од 100 · smart fortwo

Продадени примероци од јануари до мај: 29.039 (-0,4%)

smart fortwo

fortwo е најпродаван модел на smart. Конкуренција од големите производители на автомобили не постои.

98-мо место од 100 · Ford Ecosport

Продадени примероци од јануари до мај: 28.878 (+10,9%)

ford ecosport

Модели на Ford што се продаваат подобро од Ecosport

  • Fiesta на 4-то место со 138.593
  • Focus на 11-то место со 112.110
  • Kuga на 31-во место со 69.146
  • Transit на 61-во место со 39.246
  • C-Max на 77-то место со 34.953
  • Mondeo на 82-ро место со 22.705
  • Transit Custom на 85-то место со 33.005

99-то место од 100 · Mercedes CLA

Продадени примероци од јануари до мај: 28.571 (+3,0%)

mercedes cla

Модели на Mercedes што се продаваат подобро од CLA се наведени погоре.

100-то место од 100 · Lada Vesta

Продадени примероци од јануари до мај: 28.315 (+58,6%)

lada vesta

Модели на Lada што се продаваат подобро од Vesta:

Granta, на 81-во место, со 34.061 примероци

Да биде чесно кон премиум марките, доколку нивните модели се исклучат од последните десет, на нивните места доаѓаат Mazda CX-5, Citroen C1, Ford Transit Custom, Opel Insignia, Citroen C4 и Ford Mondeo. Но, фактот што моделите од премиум марките воопшто се вмешуваат против понуата од големоволуменските марки, укажува на нова хиерархија во продажбата на европскиот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Faraday Future FF 91

Faraday Future ја стопира фабриката во Невада

Audi A8, Audi prologue

Колку „Prologue“ се крие во новиот Audi A8