за

Дебела зимска јакна и безбедносен ремен не одат едно со друго

Тест на клубот АДАК покажува дека зимската јакна може да биде причина за повреди кога безбедносниот ремен ќе се активира дури и во случај на послаб судир. Меѓу ременот и телото останува премногу „празен“ простор.

Тестовите со краш-кукли во испитната лабораторија на клубот АДАК се вообичаена глетка. Но, овојпат експертите за безбедност на клубот решија куклата да ја „облечат“ во дебела зимска јакна. Резултатите од ова тестирање се изненадувачки и застрашувачки. По присилното запирање на санката што ја носи куклата заради симулација на судир, мерните податоци покажуваат дека во реалноста би настанале тешки повреди во стомачниот предел.

Во правилната положба, без зимска јакна, долниот дел од ременот налегнува врз колковите
Во правилната положба, без зимска јакна, долниот дел од ременот налегнува врз колковите. Дебелата јакна го изместува ременот и при неговото затегнување тој се „зарива“ во долниот дел од стомакот.

Причината е во тоа што безбедносниот ремен не налегнува правилно врз телото на патникот и поради тоа не може да заштити соодветно. Експертите предупредуваат: „Тоа може да предизвика сериозни повреди на меките ткива, како цревата, црниот дроб или слезенката, но може да доведе и до внатрешно крварење.“ Решението е јакната да се соблече пред седнувањето, или малку пологично кога станува збор за зимските температури, јакната да се облече повторно откако возачот или патниците ќе го стават безбедносниот ремен.

На тестирањето на клубот се симулираше ситуација од секојдневието. Краш-кукла на возрасен патник или дете со облечена дебела зимска јакна се врзува со безбедносен ремен, по што санката се забрзува до брзина од 16 километри на час (!) и нагло се запира. На тој начин се симулира типично налетување во друго запрено возило при возење во град. Резултатот: Ниско поставениот долен дел од ременот ја „засекува“ краш-куклата во пределот на стомакот во обата случаи, односно и кај возрасен патник и кај дете.

Мекото полнење на јакната предизвикува удар од ременот врз стомакот

Дебелото и меко полнење на зимската јакна остава премногу слободен простор меѓу ременот и телото, поради што ременот налегнува неправилно врз долниот дел од стомакот. Во правилната положба, ременот треба да налегнува директно врз колковите.

Овие резултати секако дека не треба да водат кон откажување од ставањето на безбедносниот ремен. Доволно е само да се почитува советот и јакната да се облече повторно откако ќе се врзе безбедносниот ремен. Тоа може да биде непријатно, но во секој случај е уште понепријатно ако се здобијат тешки повреди поради дебелата зимска јакна – или поради неврзувањето на ременот.

kras test jakna 00002

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

People Are Loving This Dog Who Goes Woof Woof

На овој „Mercedes“ облеката му е претесна