за

Две легенди на Volkswagen Golf GTI на патеката Портимао

Наскоро стартува испораката на специјалната серија Golf GTI Clubsport со којашто се одбележува 40-от роденден на спортската икона. За таа цел, Volkswagen ги соочи двата јубилејни модела со 112 и 265 КС на тркачката патека во Португалија.

Volkswagen ја избра тркачката патека Портимао на југот на Португалија како совршено место за соочување на две легенди. Pirelli Golf во 1983 година со својот 1,8-литарски мотор со 112 КС го претставуваше тогашниот врв во техниката во компакт класата и беше понуден во ограничена серија кусо пред завршетокот на производството на првата генерација на Golf. Како негов пандан, в година пристига Golf GTI Clubsport, точно за одбележувањето на 40-от роденден на Golf GTI. Неговиот дволитарски мотор TSI во нормален режим располага со 265 КС и со вртежен момент од 350 њутнметри. Но, има еден важен технички детал.

Со „привремени“ 290 КС, Clubsport е најсилен сериски Golf на сите времиња
Со „привремени“ 290 КС, Clubsport е најсилен сериски Golf на сите времиња. Соодносот на силите со специјалната серија GTI Pirelli од 1983 година е 265 наспроти 112 КС

Кога педалот за гас ќе се притисне до крај, моторот во последниот јубилеен модел на GTI вклучува привремена буст-функција, односно во времетраење до 10 секунди ослободува моќност од 290 КС и вртежен момент од 380 њутнметри. Резултатот од тоа е забрзување до 100 за 5,9 секунди, што прави овој автомобил да биде најсилен сериски GTI на сите времиња. Во верзијата со менувач со двојна спојка, GTI Clubsport располага дополнително со „Launch-Control“, којашто овозможува контролирано забрзување од место со максимална моќ.

Освен во турбонатполнењето, Volkswagen изврши неколку зафати и во дизајнот, со цел за натамошно оптимирање на аеродинамиката. За поголем потисок врз предната оска се грижи нов преден браник, додека за контрола на вртложењето на воздушните струи зад каросеријата се грижат впечатлив заден спојлер и дифузор во браникот. Купувачите на Golf GTI Clubsport можат посебно да нарачаат и полу-слик гуми, кои што се одобрени за возење и по нормални патишта.

Pirelli GTI се појави во мај 1983, за крајот на првата генерација на Gоlf. Специјалниот модел имаше алу-бандажи, кожен спортски волан, бројач на вртежи, посебна маска и двојни светла, патен компјутер, проширени крила и голф-топче како глава на рачката на менувачот
Pirelli GTI се појави во мај 1983, за крајот на првата генерација на Gоlf. Специјалниот модел имаше алу-бандажи, кожен спортски волан, бројач на вртежи, посебна маска и двојни светла, патен компјутер, проширени крила и голф-топче како глава на рачката на менувачот. Моделот се произведе во ограничена серија од 10.500 примероци и денес претставува баран колекционерски модел, особено во „платинесто-дијамантската“ металик боја

Volkswagen се погрижи и за ергономијата, со можноста за избор на спортски школкасти седишта или класични спортски седишта на GTI. Покрај тоа, каросеријата на Golf GTI Clubsport стандардно се испорачува во две бои.

Golf GTI Clubsport и Golf GTI Pirelli се само две од специјалните серии во историјата на моделот. Марката ги одбележа и 20-от, 25-от, 30-от и 35-от роденден на својата спортска икона со специјални серии. Секако дека ексклузивноста подразбира и соодветна цена. Clubsport во Германија ќе се продава по цена од 34.500 евра.

  Volkswagen Golf GTI Clubsport Volkswagen Golf GTI Pirelli (1983)
Мотор: 1984 ccm, 265 (290) КС при 5350/min, вртежен момент 350 (380) Nm при 1700/min, турбонатполнење, директно впрскување 1781 ccm, 112 КС при 5800/min, вртежен момент 150 Nm при 3500/min, механичко впрскување
Пренос: 6-степен мануелен менувач (6-степен DSG) 5-степен мануелен менувач
Гуми 225/40 R 18 (235/35 Р 19, полу-слик) 185/60 HR 14 Pirelli P6
Тежина 1375 kg 860 kg
Крајна брзина 250 km/h 183 km/h
Забрзување 0-100 km/h 5,9 s 9,2 s
Просечна потрошувачка 7,0 L/100 km 10,0 L/100 km

volkswagen golf gti clubsport 00004

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ја претвори новата E-Class во спа-центар

Новата класа Е на Mercedes со автоматско престигнување