за

Два нови члена во музејот на Volkswagen во Волфсбург

„Аутомузеум“ на Volkswagen е побогат за два ретки експоната во оригинална состојба: Golf GTI Edition од 1994 година и „Џинс Буба“ од 1974 година. Обете возила имале само по еден сопственик и сега му се донирани на музејот.

Маркус Крот од германскиот град Ахен лично допатувал во Волфсбург со неговиот црвен Golf GTI III од специјалната серија Edition од 1994 година. Возилото со дволитарски мотор со 115 КС е од прва рака и одлично е сочувано. За така да остане и во иднина, неговиот сопственик решил возилото да го предаде на автомобилскиот музеј на Volkswagen. Примероци од третата генерација на Golf GTI, а особено од специјалните серии како Edition се вистинска реткост, па затоа и донираниот примерок е мошне ценет кај директорите на музејот. Покрај тоа, ова е прв GTI од третата генерација во збирката во Волфбург.

vw golf gti iii 94 wb

Уште поголема реткост е Jeans-Beattle од 1974 година. Сите три серии од овој модел понудени меѓу 1973 и 1974 година се базираат на евтината верзија на „бубата“ со 1,2-литарски мотор со 34 КС. Донираниот примерок е од третата серија којашто беше изработена во 4.000 примероци и досега ѝ припаѓаше на госпоѓата Ина Бург од германскиот град Везел. Името на автомобилот што е лакиран исклучиво во портокалова боја потекнува од внатрешноста што во поголемиот дел е обложена со деним платно. Моделот „џинс“ дополнително поседува спортски бандажи, задна магленка, обложена арматурна табла и седишта со интегрирани потпирачи за глава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Accord продолжува и во 2015 година

1,5-милионито BMW од фабриката во Лајпцих