за

Дамите го избраа Jaguar F-Pace за автомобил на 2016 година

Jaguar F-Pace

Светско жири составено од дами специјализирани за автомобилизам го избра Jaguar F-Pace за автомобил на 2016 година. Моделот на британската марка победи и во категоријата на теренски возила. Со тоа се потврдува дека на дамите им се допаѓа чувството на безбедност што им го нудат теренците, но и марката и пораката за активен животен стил што ја оддава F-Pace не заостануваат во критериумите.

Дамите го избраа Jaguar F-Pace како автомобил што најмногу ги разиграл нивните срца од сите новитети годинава. Во составот на жирито за избор на женски автомобил на годината влегуваат 17 дами специјализирани за автомобилизам, кои доаѓаат од 14 држави. Во категоријата спортски теренци и кросовери не постоеше друг автомобил што им остави посилен впечаток на дамите.

Во останатите категории победија Honda Civic (мал семеен автомобил), Ford Mustang (спортски автомобил), Honda Jazz (најекономичен автомобил), Volvo S90 (луксузен автомобил) и Toyota Prius (најеколошки автомобил).

За изборот беа кандидирани 294 модели, од кои на 32 им беше дозволено да продолжат во финалниот избор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Австриската влада со 72 милиони евра субвенција за електрични автомобили

Fiat продава преку Amazon во Италија со попуст до 30 проценти