за

Дали го ресетиравте авионот? Софтверска грешка во Boeing 787

Поради грешка во софтверот постои можност од целосно откажување на електрониката кај Boeing 787 Dreamliner. Проблемот се решава исто како кај домашниот компјутер, со ресетирање.

„Дали го ресетиравте компјутерот?“ Така гласел советот што пилотскиот екипаж го добил од службата за техничка поддршка на компанијата, за решавање на опасните технички проблеми на патничкиот авион од типот Boeing 787 Dreamliner. Според предупредувањето издадено од американската служба за надзор на авиосообраќајот, софтверската грешка може да предизвика целосно откажување на електрониката во авионот и губење на контролата од пилотите.

Boeing го открил пропустот при лабораториските испитувања. Тој автоматски ги става генераторите на Dreamliner во таканаречен модус Fail-Safe на секои 248 денови, поради преоптоварување на интерната меморија. Генераторите се исклучуваат заради спречување на натамошни штети во случај на дефект. Доколку сите генератори во авионот стартуваат истовремено, тие и ќе откажат истовремено. Во тој случај се вклучува турбина за помошно снабдување со електрична струја, но додека оваа турбина проработи, енергијата се испорачува од батеријата во авионот. За тоа време, функционирањето на некои хидраулични делови е ограничено и може да предизвика опасна ситуација доколку проблемот се случи прио слетување или полетување.

Решението на проблемот е многу едноставно. Системот мора редовно да се ресетира. Според евиденцијата на Boeing, сите авиони Dreamliner што се наоѓаат во сообраќај, редовно се ресетираат како дел од рутинското сервисирање. Boeing неодамна започна да им препорачува на своите клиенти да го ресетираат системот на секои четири месеци. Со тоа се избегнува опасноста од снемување струја во авионите. Производителот моментно работи на отстранување на проблемот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Двајца Кинези украле цел пат во должина од половина километар

Mercedes е најиновативна марка во последната деценија