за

Гума на Pirelli предупредува при опасност на патот

Pirelli најавува револуција во автомобилските гуми. Cyber Tyre преку сензори ги следи патот, возилото и силите во самата гума и во случај на опасност го предупредува возачот.

Последната иновација на италијанскиот специјалист за автомобилски гуми е Cyber Tyre. Оваа интелигентна гума со помош на напредни сензори ги следи важните информации за моќноста на возилото, состојбата на патот и силите во самата гума. Овие податоци потоа се пренесуваат до возачот или до безбедносните системи во возилото. На овој начин Cyber Tyre придонесува за зголемена безбедност, но и за намалување на потрошувачката на гориво.

Тоа се главните предности на технологијата што инженерите на центарот за развој и истражување на Pirelli во Милано ја развија во соработка со машинскиот факултет на Миланскиот Универзитет. Срцето на Cyber Tyre е автономен електронски сензор, со површина од еден квадратен сантиметар, кој ја следи состојбата на патот и контактот на подлогата со гумата. Сензорот потоа ги пренесува информациите до патниот компјутер и до другите електронски системи во возилото преку безжична радио врска. Информациите му се прикажуваат на возачот на дисплејот во кокпитот.

Системот функционира на тој начин што сензорот го одредува степенот на триење меѓу гумата и патот и ја анализира актуелната состојба на патот, односно дали тој е сув, влажен или замрзнат. Покрај тоа, Cyber Tyre ги одредува и тежината врз секоја од гумите, како и попречните и надолжните сили што дејствуваат врз гумата. Потоа, електрониката ја пресметува брзината при којашто би се појавил аквапланинг, односно запливување на возилото при дожд на патот, како и граничниот степен на триење по којшто ќе се појави опасност од лизгање на возилото. Сензорот го одредува и видот на патот, нагазната површина на гумата и геометријата на тркалата, како и температурата, притисокот, абењето и бројот на вртежи на гумите. На крајот, сензорот служи и како пасош за гумата, со сите информации за нејзиниот идентитет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јапонски колекционер доби „нов“ тркачки BMW од 1979 година

Цело возило забиено одзади – камионот тера