за

Гркот Варуфакис тврди: „ЕУ е одговорна за скандалот со дизелите во Volkswagen“

Според Јанис Варуфакис, поранешен министер за финансии на Грција, Европската Унија имала точни сознанија за случувањата околу дизел моторите во концернот Volkswagen.

Јанис Варуфакус и по завршувањето на неговиот мандат како грчки министер за финансии покажува особен интерес за учество во јавните дебати. Овој критичар на ЕУ смета дека Унијата сноси одговорност во скандалот со издувните гасови во Volkswagen. „Во ЕУ направивме Брисел да стане управа на еден картел. Во таква средина е полесно некоја грешка што е резултат од притисок во рамките на едно претпријатие како Volkswagen да не мине незабележана, но сепак да остане неказнета,“ оценува Варуфакис. Тој посочува конкретно дека „Брисел знаел што се случува во Volkswagen.“

Варуфакис ја гледа причината за скандалот во хиерархиската организација на претпријатијата, какво што е Volkswagen. Гркот е вознемирен од „соработката меѓу Брисел и оваа претприемничка култура, односно од начинот на кој што оваа измама е всадена во системот на владеење.“

Овој 54-годишен политичар ќе пишува книга за неговото време како министер во центарот на грчката криза. Според сопствената изјава, тој уште нема почнато со пишување.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Infiniti ја има класата A на Mercedes во кимоно-издание

Jaguar E-Type избран за најдобар британски автомобил на сите времиња