за

Градот ги враќа пијаните возачи бесплатно до дома

Малечок американски град најде начин како да се справи со алкохолот зад воланот. На возачите што се премногу напиени да се вратат сами дома, градот им плаќа такси до домот – може и со сопствениот автомобил. Има само еден мал проблем…

Американското гратче Ившем започна со оригинален проект против алкохолот зад воланот, во когошто учествуваат дваесетина ресторани и барови. Проектот стартуваше минатата недела и на пијаните возачи им нуди бесплатно враќање до домот преку онлајн-таксито Uber. Тоа ги отвори очите и на конкуренцијата, така што од петокот со слична услуга стартуваше уште еден шоферски сервис во овој град со 45.000 жители во Њу Џерси. Возило за превоз се нарачува преку мобилна апликација и алкохолизираниот патник безбедно се носи до неговиот дом. Обете програми се финансираат преку донации и ќе траат до втори јануари следната година.

Градот го испробуваше концептот веќе во септември, како дел од пилот програма во којашто на над 350 лица им беше понуден бесплатен превоз. Резултатите веќе се гледаат. Во периодот од јануари до август, полицијата месечно казнувала во просек по 23 возачи, додека во септември казнувањата биле намалени за дури две третини.

Значи, знаеме што треба да се направи за добивање бесплатен превоз до дома … нели?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren 570S е формула 1 болид за почетници

Аферата Дизелгејт преоѓа во „Војна на правосмукалките“