за

Главниот инженер на Opel Astra депортиран во Азија

Новата Opel Astra има лош старт уште пред да стартува. Главниот инженер за модели од компактната класа од целиот концерн е поставен за шеф на центарот за „копирање“ нови модели во Кина.

Светот очигледно не ја прифати со посакуваната еуфорија веста дека новата генерација на Opel Astra ќе има матрични светла, со доплата. Додека конкурентите буквално воведуваат револуција со претставувањето на новите моделски генерации, олеснувајќи ги за стотина килограми, со можност за избор на погон на струја или со хибриден погон, Opel успеа да се пофали дека новата Astra ќе има матрични светла, но само ако се доплати за нив, и како технологија што е само преселена од повисоките класи? Најави за нови погонски технологии, иновативни системи за асистенција, нови детали во практичноста и функционалноста, штедливи мотори? Ништо од тоа.

Дали главниот инженер е виновникот за негрижата на GM за марката Opel?

Главниот инженер за автомобили од компакт класата од сите марки од концернот General Motors, секако вклучувајќи ја особено марката Opel, од 1-ви јуни заминува на позицијата претседател на техничкиот центар на концернот во Шангај. Тобијас Сунер е вработен во Opel од 1993 година, достигнувајќи ја позицијата на извршен директор за развој на возила за GM Europe. Неговата специјалност: Електрични системи за хибридни и електрични возила за Европа. Сунер доаѓа на местото на Марк Лабере, кој ќе ја раководи организацијата на модели на General Motors за глобалниот пазар. Техничкиот центар во Шангај, кусо PATAC или Pan Asia Technical Automotive Center е заедничка инвестиција на General Motors и кинескиот производител SAIC.

Американските шефови веќе уништија една европска марка, една од највредните. Saab е уништен веројатно засекогаш, дали со безидејната Astra K следува истото и со Opel?
Американските шефови веќе уништија една европска марка, една од највредните. Saab е уништен веројатно засекогаш, дали со безидејната Astra K следува истото и со Opel?

Дело на центарот е дизајнот на Chevrolet Sail 3, лимузината Buick Excelle на база на Astra и миниванот Buick GL8. Овој чекор не укажува на друго освен на заклучокот дека од толку исчекуваното враќање на Astra меѓу водечките модели во класата нема да се случи ништо ниту во новата генерација. Astra заостанува далеку во продажбата зад Golf и Focus, па дури и зад премиум моделот Audi A3. Вториот стратешки модел на Opel, малечката Corsa, исто така не успева да го држи чекорот со конкурентите и се појавува на пазарот со освежен каросериски дизајн, но со суштинска техника што датира од пред десетина години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Михаел Шумахер заздравува – потврди менаџерката

Jaguar Land Rover ќе гради нова фабрика во Полска