за

Германски статистики: Овие пет марки најчесто завршуваат под преса

Педантните Германци ја водат и оваа статистика – околу 60 проценти од колите што одат под преса се од пет марки.

Меѓу петте марки што најчесто одат под преса се Ford (25,7% од возилата), Volkswagen (24,9%) и Opel со 24,4 проценти. На врвот на неугледната топ листа следат уште Renault (14,6%) и Fiat (10,4%). Статистичарите на претпријатието за згрижување на старите автомобили во отпад водат евиденција и за просечната старост на возилата пред истите да преминат во агрегатна состојба „коцка“. Возилата од марката Volkswagen во просек имаат 26 години пред да се стуткаат на големина на четвртина метар кубен. Honda и Mitsubishi живеат по 22 години, додека Toyota, BMW, Audi, Volvo и Mercedes издржуваат во просек 19 години. Кај Alfa Romeo, Lancia и Kia староста за пресување се достигнува со 14 години.Штета за возилата. На нашите патишта возилата со овие годишта добиваат уште многу години за живот.

 

Следниве 15 автомобили најчесто се ставаат под преса

  1. Volkswagen Golf III (1991-1997)
  2. Opel Corsa B (1993-2000)
  3. Renault Twingo I (1993-2007)
  4. Volkswagen Polo III (1994-1999)
  5. Ford Fiesta (1995-1999)
  6. Fiat Punto (1993-1999)
  7. Ford Escort (1995-1998)
  8. Ford Ka (1996-2008)
  9. Volkswagen Polo II (1990-1994)
  10. Peugeot 106 (1991-1996)
  11. Renault Clio I (1990-1998)
  12. Nissan Micra K11 (1993-2003)
  13. Audi 80 B4 (1991-1994)
  14. Seat Ibiza 6K (1993-1999)
  15. Mazda 626 (1997-2002)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia ги објави првите цртежи од новиот Sorento

FlexFix: Практичниот систем на Opel наменет за велосипедистите