за

Германски научници прават гориво од СО2

Во енергетски напредните земји често се јавува вишок на произведена струја. Еден тим од научници има идеја како таа да се потроши: За преработка на СО2 во метан со помош на струја добиена од сонцето.

Прекумерната струја што се произведува во електраните на ветерна и сончева енергија во иднина нема да се користи само дирекно за полнење на батериите на електричните автомобили туку и индиректно за возилата што користат метан како погонско гориво. Техничкиот универзитет Минхен работи на проект за трансформација на СО2 во погонски гас со користење на струја добиена од обновливи извори.

Намерата е да се користи јаглеродниот диоксид што произлегува како спореден продукт при производството на биолошки гас или при согорувањето на фосилните горива во електраните. Овој гас што е штетен за атмосферата и претставува главна состојка на метанот ќе се преработува со помош на катализатор и со додавање на водород. Науката веќе располага со основната технологија за тоа, но досега недостигаа методи за трансформација на гасот во индустриски обем. За поевтинување на процесот, научниците во Минхен испробуваат различни материјали за катализација што ќе се користат за трансформацијата на јаглеродниот диоксид во метан.

Основната цел е сепак пронаоѓање на соодветна можност за акумулирање на прекумерната струја од електричната мрежа. Оваа струја прво се користи за синтеза на водородот. Проблемот е во тоа што овој гас е лесно испарлив и тежок е за складирање и транспорт. Но, доколку водородот се комбинира со СО2, тогаш тој ќе може да се користи во обичната дистрибутивна мрежа за метан и да се користи за греење, за производство на енергија и за погон на автомобилите.

Кон крајот на 2013 година Audi започна пилот проект за синтетско производство на метан со користење на СО2. Во рамките на проектот годишно се произведуваат 1.000 тони метан, кои потоа се нудат во редовната дистрибуција на горивото. Сопствениците на моделот Audi A3 G-Tron со погон на метан го добиваат горивото поевтино.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Land Rover измисли хауба што станува проѕирна

Нов автомобил е поевтин од една година користен автомобил според What Car