за

Врвни менаџери на BMW заминуваат во кинескиот Future Mobility

BMW се збогува со уште тројца врвни менаџери. Специјалисти на електричната подмарка BMW i заминуваат на работа во кинескиот Future Mobility, идниот конкурент на Tesla Motors.

BMW i се збогува со уште тројца врвни менаџери, кои заминуваат да работат во кинеската компанија Future Mobility, специјализирана за електрични автомобили. Дирк Абендрот, Беноа Јакоб и Хенрик Вендерс ги напуштија директорските места во одделенијата за софтвер и вмрежување, дизајн и маркетинг во електричната подмарка на BMW.

Тоа не се единствените менаџери што BMW им ги „препушти“ на Азијците. Во почетокот на годинава, од Минхен си замина и Карстен Брајтфелд, поранешен шеф на проектот за развој на суперспортскиот хибрид BMW i8, кој ќе биде директор на новото претпријатие. Даниел Кирхерт, шеф за маркетинг и дистрибуција на BMW за кинескиот пазар до 2013 година, го добива местото на оперативен директор во Future Mobility.

Тројцата менаџери ќе донесат непроценливо искуство во подрачјето на електричниот погон во кинеската компаниија. Абендрот го развиваше погонот во BMW i, додека Јакоб беше главен дизајнер на електричната подмарка на BMW од 2010 година. Вендерс раководеше со продукт-менаџментот на BMW i.

Future Mobility се гледа како иден конкурент на калифорниската Tesla. Неопходната финансиска заднина за тоа е веќе обезбедена. Зад компанијата стојат холдингот Tencent, најголемо претпријатие во Кина во подрачјето на информатичката технологија, и автомобилскиот холдинг China Harmony. Идел во фирмата има и Foxconn, договорниот добавувач на Apple.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова не се гледа секој ден: Булдожерска битка низ улиците во Кина

Jaguar работи на нова генерација шестцилиндарски мотори