за

Во фабриката на Tesla се работело за пет долари на час

Работници во фабриката на Tesla во калифорнискиот Фримонт биле платени само по пет долари на час. Производителот на електрични автомобили сепак не сноси одговорност за платата под минимумот.

Во фабриката на специјалистот за електрични автомобили се работело и за само пет долари на час, иако пропишаната минимална плата во Калифорнија изнесува 7,50 долари на час. Работниците сепак не биле ангажирани под договор со Tesla, туку работеле по налог на германското претпријатие Eisenmann. Ниту Германците не се поврзани со 140-те работници од Источна Европа, туку овие биле ангажирани преку словенската фирма ISM Vuzem. Работниците помагале во изградбата на лакирницата во фабриката.

Од Tesla пристигна остра реакција, дека платата од пет долари на час е апсолутно неприфатлива. Tesla се вројува меѓу претпријатијата што имаат едни од најголемите плати во американската автомобилска бранша. Калифорниската фирма сепак не е виновна. Tesla потпишала договор со фирма, во којшто таа се обврзува да ги почитува сите закони. Електроспецијалистот воопшто немал информација дека работниците ќе бидат ангажирани по десет часови на ден и по шест денови во неделата.

Словенската ISM Vuzem добива од германскиот налогодавач Eisenmann по 55 долари за час, со што би требало да бидат покриени трошоците за плата за нејзините работници. Случајот излезе во јавноста преку незгодата што на работното место ја здобил извесен Грегор Лесник. Овој електричар, според калифорнискиот суд, ќе може да ги тужи и Tesla и Eisenmann. Претпријатието платило 2,6 милиони долари помалку од реалната сума што требало да им биде исплатена на работниците. Tesla ќе спроведе детална истрага да се открие каде точно лежи одговорноста за случајот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jaguar F-Pace против BMW X4 на споредбен тест на Auto Bild

Lamborghini Miura повторно на „Италијанска работа“ за 50-годишнината