за

Во пожар изгореа 422 автомобили на фестивал во Португалија

Прво се запалил еден автомобил, за потоа пожарот да се прошири на целото паркиралиште. За среќа, повредени нема, но причинета е огромна материјална штета. И еден фестивал е уништен.

Во првата седмица од август традиционално се одржува фестивалот на португалска народна музика и танц Андансаш. Овој фестивал во гратчето Кастело де Виде во близина на границата со Шпанија годинава заврши несреќно, откако посетителите здогледаа како голем облак од чад се шири од паркиралиштето во неспоредна близина на одржувањето на фестивалот. Пожарот го зафати целото паркиралиште, уништувајќи 422 автомобили.

Околу четири илјади посетители на Андансаш беа итно евакулирани и голема среќа е што никој не беше повреден во големиот пожар. Околу двестотини пожарникари со над четирисет противжожарни возила и четири хеликоптери учествуваа во гаснењето на пожарот, но за 422-та паркирани автомобила немаше спас.

Според полицискиот записник, краток спој предизвикал пожар кај еден од паркираните автомобили. Пожарот потоа се проширил на останатите возила. Исклучена е можноста тој да бил подметнат. Организаторот на фестивалот е осигуран за ваков случај на штета и сопствениците на автомобилите ќе добијат отштета. Здружението на осигурителни компании во земјата го истражува случајот.

https://youtu.be/WcNwGmp0hDw

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овие кабриолети најбргу го симнуваат покривот

Ова подрачје на автомобилот е ноќна мора за дизајнерите