за ,

Во овој салон за автомобили работат само жени

Салон за автомобили во којшто работат исклучиво жени сигурно не е секојдневна глетка. Германката Мариа Екнер е сопственичка на таков салон. „Сењорита Мариа“ работи од 2010 година, и сите вработени, од продажбата до сервисот, се жени.

„Сакав да направам нешто различно“, кажува Екнер. Оваа млада Германка има дипломирано бизнис менаџмент и одлично го познава автомобилскиот сектор, како ќерка на авто-дилер. По дипломирањето, Екнер сакала да продолжи по стапките на татка си, но на оригинален начин. Таа решила да отвори дилерство во коешто сите вработени се жени. Така и биднало, таа го отворила првиот дилерски центар во Германија во когошто работат исклучиво жени.

На сите ѕидови во салонот за Seat во градот Хенингсдорф, северно од Берлин, се гледаат огромни траги од црвен кармин. Осумте дами некаат проблем да докажат дека автомобилите, моторите и поправките се работа во којашто се разбираат само мажите. Сара Хибнер, една од механичарките во Сењорита Мариа, коментира: „Жените исто така можат да се докажат во оваа професија, и тоа, не само како продавачки или технички советнички, туку и како автомеханичарки“. Секако дека во нејзината сервисна работилница не може да се најде ниту една дамка масло и сé е чисто и средено.

 

Покрај трагите од „женска рака“ во целиот објект, тоа што ги издвојува овие дами од конкуренцијата е грижата за клиенти, што го потврдува и Франциска Шибе, дама на којашто „Сењорита Мариа“ ѝ ги обезбеди потребните совети при изборот на автомобил. Според Шибе, дамите влеваат поголема доверба, што е основно при купувањето.

По повод утрешниот празник, меѓународниот ден на жената, Марија ги охрабрува дамите да бидат претприемливи и да се впуштаат и во бизнисите во коишто традиционално доминираат мажите, следејќи го нејзиниот пример.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Видео: Не се закачај со поголем од тебе на автопат

Зошто Германците купуваат автомобили 43 пати повеќе отколку Македонците?