за

Во ЕУ секој ден се крадат по 600 автомобили

Луксузните марки се особено интересни за крадците на автомобили. Уште поинтересен е податокот во извештајот на италијанската полиција. Пленот обично завршува на Балканот и Балтикот.

Во 28-те земји членки на ЕУ дневно се крадат по 600 автомобили, што значи 25 автомобили за само еден час. Голем пораст е забележан во бројот на кражби кај луксузните возила. Тоа го покажува извештајот на италијанската полиција во рамките на масовната операција против кражбата на автомобили.

Извештајот ги наведува и патиштата по коишто украдените автомобили се изнесуваат надвор од територијата на ЕУ. Главниот пат е преку границата меѓу Италија и Австрија, во местото Арнолдштајн, од каде што возилата продолжуваат во правец на Балканот и Балтикот. Луксузните автомобили што се украдени во Италија и наменети се за пазарот во Обединетите Арапски Емирати и Азија, се пренесуваат преку Швајцарија за Ротердам и Хамбург, каде што се товарат на брод до крајното одредиште. Транспортот од пристаништето во Џенова е наменет за Западна Африка. Во овие земји се крадат првенствено теренски возила.

Автомобилите украдени во Европа се испорачуваат за Северна Африка преку границата меѓу Италија и Франција. По пристигањето во Мароко се губи секоја трага на луксузните автомобили. Италијанската полиција во последните денови спроведе масовни контроли на патиштата. Притоа се запленети 326 украдени автомобили во вредност од 5,5 милиони евра. Во рамките на операцијата се притворени 46 и приведени 362 лица.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota продаде седум милиони автомобили со хибриден погон

Audi има нов дизајнер и нов дизајнерски правец