за

Во германскиот Фридрихсхафен се одржува „Светот на тјунингот“

Подобро место за уживање во светот на тјунираните автомобили не постои од Tuning World. Во германскиот Фридрихсхафен се собрани најголемите имиња, од Carllson до Hamann. Тоа значи само едно: Тука никој не вози со помалку од 500 КС!

Тјунерската работилница што е специјализирана за врвни преработки на моделите на Mercedes ги почести вљубениците во брзините и во коњските сили во градот покрај Боденското Езеро со уникатна изведба на родстерот SLK. Тоа што моторот постигнува 610 КС може и да не биде толку неообичаено во овие хали, многу повеќе импресионира тоа што SLK 340 Judd од Carlsson тежи само 780 килограми! За споредба, серискиот Mercedes SLK 55 AMG тежи повеќе од двојно, односно 1610 килограми. Јасно е дека нешто посебно му се случило на родстерот на Mercedes. Само носечката каросериска структура е од челик, остатокот е цврст и лесен карбон, вклучувајќи ги и спојлерите. Автомобилот нема да оди во продажба. Carlsson ќе си го задржи за себе, за тркање.

A6: Club Area

Секако дека болидот на Carlsson не е исклучок, ниту со моќноста, ниту со екстравагантноста. Wiesmann ги изработува своите автомобили исклучиво рачно, со врвна техника на BMW и со каросерија изработена од фиберглас. Според тоа, брзина и моќ не им недостига на овие родстери. Но, тоа не значи дека не може уште побрзо и уште помоќно. Швајцарската тјунерска работилница Dahler ја качува моќноста на врвниот модел GT MF5 од 555 на 660 КС, а дополнително на тоа комбинира вртежен момент од 880 њутнметри при само 2.300 вртежи. Тоа релаксира, тјунираниот Wiesmann се трка речиси во лер. Забрзувањето до 100 трае 3,7 секунди и не престанува додека не се постигнат 325 километри на час.

dahler wiesmann MF5 660 KS (Small)

Ниту теренците не се поштедени од тјунирање во халите на Tuning World во Фридрихсхафен. Range Rover во изведба на тјунерот Lumma добива 560 место 510 КС од петлитарскиот мотор V8, но и широки крила, огромен преден браник и прагови, огромен дифузор назад, заедно со четири издувни цевки, и секако, сето тоа комбинирано со спуштено подвозје.

Tuning World BodenseeA7: European Tuning Showdown

Покрај толку силни бројки е нормално да се спомнат и цените. Тјуниран Porsche 911, кој потоа се води како Speedart BTR-II 600 Evo, чини 230.000 евра. За Audi R8 дотеран во Abt на 620 КС, потребни се 350.000 евра. Секако дека станува збор за саемски цени, со попуст. Отворената верзија на McLaren MP4-12C, во изработка на славната тјунерска работилница Gemballa, чини 360.000 евра. Покрај овие цени, 16-те илјади евра кои се потребни за Skoda Citigo со еднолитарски мотор со погон на метан и со спојлери, изгледаат како понуда од распродажба.

[nggallery id=43]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинескиот пазар расте и покрај слабеењето на економијата

Добавувачот Takata е виновен за 3,6 милиони возила со дефектни воздушни перници