за

Nissan GT-R повозбудлив од Лига на шампиони?

Nissan спроведе експеримент. Волонтери поврзани со најразлични сензори прво ги следеа завршните натпревари во шампионската лига, а потоа беа возени во Nissan GT-R со темпо 250 по патеката Спа. Што е повозбудливо, возење или фудбал?

Како што наближува финалето во Лигата на шампиони, Nissan во својство на главен автомобилски спонзор си постави предизвик. Дали фудбалската возбуда е поголема отколку чувството на совозачкото седиште во NIssan GT-R по легендарната Спа Франкоршамп.

На помош за реализација на проектот беа повикани научниците од Универзитетот Лафборо, кои учесниците на опитот ги излепија со најразлични сензори, заради следење и добивање на сите потрбни податоци за споредбата. Универзитетските експерти ги мереа пулсот, дишењето и електро-дермалната активност, за да истражат која од двете активности носи поголема возбуда. Возење во Nissan GT-R или завршница на Лигата на шампиони?

https://www.facebook.com/NissanExcitementFC/videos/298351240608838/

Волонтерите несомнено беа добро протресени по предизвикувачката патека во Белгија, со професионални тркачи зад воланот на брзиот Nissan со 570 КС.

Ова се официјалните резултати

Фудбал против суперспортски автомобил

Физичка реакција

Фудбалски меч во Лига на шампиони

Nissan GT-R

Просечно забрзување на пулсот

39%

37%

Просечен пулс

91 BPM

100 BPM

Просечен највисок пулс

124 BPM

136 BPM

Просечно забрзување на дишењето

140%

144%

Просечен број на вдишувања

15 вдишувања во минута

15 вдишувања во минута

Просечно најмногу вдишувања

35 вдишувања во минута

35 вдишувања во минута

 

Др. Дејл Еслигер ја коментира споредбата: „Истражувањето спроведено во рамките на индексот на возбуда на Nissan ни овозможи примена на иновативни сензорски податоци за да ја разбереме физичката реакција на овие возбудливи моменти и преку нив да заклучиме кои елементи се највозбудливи.“

Во Nissan GT-R, бројот на вдишувања расте постојано, возбудата трае подолго

Пулсот забрзува слично и предвидливо во обата случаи, на пример при затресувањето на мрежата или влегување во свијок. Др. Еслигер гледа поголема разлика во бројот на вдишувања. При следење фудбалски натпревар, бројот на вдишувања се менува постојано. На моменти дишењето дури и целосно запира, нешто што докторот го нарекува „емотивен тобоган“. Кај совозачите во GT-R, пак, бројот на вдишувања постојано расте, што укажува дека возбудата е подолготрајна.

Ова е само почеток за Nissan, поточно за европскиот огранок. Жан-Пјер Дирнас, едно од главните лица за маркетинг во Nissan Europe, најавува: „Нашата крајна цел е да изработиме глобален индекс на возбуди, во најширок дијапазон на возбудливи активности.“ Што е следно, веројатно не може ниту тој да претпостави.

Nissan gt-r vs league 01

Nissan gt-r vs league 03

Nissan gt-r vs league 04

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Отворен новиот центар за Jaguar и Land Rover во Скопје

Renault TreZor прогласен за најубав концепт на Вила д’Есте