за

Возењето велосипед го зајакнува грбот

Добар тренинг на мускулатурата по должината на ‘рбетниот столб е најдобар начин за спречување на болки во грбот. Клучна улога има правилната положба на телото при возењето велосипед.

Возењето велосипед нé одржува во форма, го забрзува крвотокот и особено се препорачува за спречување и намалување на болките во грбот. Но, погрешната положба на телото може само да ги зголеми проблемите и основно е велосипедот да се намести правилно. Велосипедот треба да поседува голем број флексибилни можности за местење, како главен предуслов за постигнување на ергономски правилна положба на телото при возењето. Квалитетна амортизација на предното и задното тркало исто така придонесува за спречување на директните удари што при возење на нерамен терен се пренесуваат на прешлените.

Притоа е потребно е да се внимава на следното:

Местењето на висината и надолжното местење на седиштето решаваат најмногу за правилната положба. Треба да се внимава вертикалата повлечена од коленото да не биде поназад од зглобот на педалата, кога таа е во предна хоризонтална положба. Во спротивно се преоптоваруваат колената
Висината и надолжното местење на седиштето решаваат најмногу за правилната положба. Треба да се внимава вертикалата повлечена од коленото да не биде поназад од зглобот на педалата, кога таа е во предна хоризонтална положба. Во спротивно се преоптоваруваат колената

Положба при седење: Врз положбата при седење влијаат типот на велосипедот и местењето на воланот и на седиштето. Здравото седење ја поддржува природната форма на ‘рбетниот столб во форма на двојно „S“. Идеално е телото да биде малку наведнато нанапред, односно максимално до 30 степени. Ако телото е премногу наведнато нанапред, тежината на главата го оптоварува вратот, а тоа се пренесува и на ‘рбетот. Како последица од тоа произлегуваат болки и потешкотии во грбот. Спортистите не наидуваат на такви проблеми, поради тоа што веќе имаат правилно изградена мускулатура. Почетниците и возачите со ограничена подвижност треба да ја избегнуваат положбата кога торзото е премногу наведнато нанапред. Но, независно од преферираната положба, секогаш важи правилото: ‘Рбетниот столб треба да остане прав.

Местење на седиштето: Положбата на карлицата на седиштето целосно го одредува седењето на велосипедот. Карлицата е во правилна положба кога грбот е прав. Во тој случај, карлицата не се наведнува странично (седиштето е наместено превисоко), но и не лизга напред назад. Препорачливо е седиштето да биде во хоризонтална положба. Од висината на местење на седиштето зависи оптовареноста на колената. При идеалната висина на седиштето, нозете на возачот не се исправуваат целосно во крајната положба на педалите. Погрешно е педалите да се притискаат со петиците, место со прстите.

Комфорно седење: Ова седиште содржи гел што многу бавно се враќа во првобитната форма и со тоа се приспособува одлично според телото на возачот
Комфорно седење: Ова седиште содржи гел што многу бавно се враќа во првобитната форма и со тоа се приспособува одлично според телото на возачот

Местење на воланот: Со правилното местење на сите компоненти на велосипедот, се избегнуваат болките и проблемите. Притоа од голема помош е добар носач на воланот, со можност за местење на висината и аголот на воланот. Тоа помага за постигнување на исправена положба на телото, но и за правилно држење на рацете. Најдобро е кога воланот поседува и ергономски рачки или можност за местење на положбата на рачките. За рачниот зглоб да не се истегнува, добро е воланот да биде малку свиткан. На тој начин помалку се оптоварува карпалниот тунел, низ когошто минуваат главните нерви во рачниот зглоб. Во спротивно ќе се почувствува „боцкање“ во дланките.

Современите носачи на воланот на туринг велосипедите се местат по висина и по агол. На тој начин се постигнува ергономски правилна положба на воланот
Современите носачи на воланот на туринг велосипедите се местат по висина и по агол. На тој начин се постигнува ергономски правилна положба на воланот

Ова се само препораки како меѓусебно да се приспособат велосипедот и телото. Доколку се почувствуваат болки за време на возењето, треба повторно да се проверат местењата на велосипедот, а најдобро со асистенција од стручно лице.

Електрични велосипеди се во тренд

Електричните велосипеди долго време се исмејуваа како „неспортски“ велосипеди. Но, современите е-велосипеди успешно се ослободија од овој имиџ и наидуваат на растечка популарност и кај младите и кај повозрасните возачи, поради тоа што можат да го претворат возењето во уште поголемо задоволство. Е-велосипедите нудат висок „фактор на забава“ и значително го зголемуваат дијапазонот на примена.

Електричните велосипеди се совршени за „лесно“ бегство од градскиот метеж. Возачот се заморува помалку и има сила за подолги тури во природа
Електричните велосипеди се совршени за „лесно“ бегство од градскиот метеж. Возачот се заморува помалку и има сила за подолги тури во природа

Со вклучувањето на помошниот електромотор при вртењето на педалите се намалува напрегањето, возачот не се заморува пребрзо и се задржува позитивното влијание на возењето велосипед врз целото тело. Покрај тоа, современите електрични велосипеди се помоќни во споредба со првите генерации и располагаат со релативно долготрајна работа на батериите.

Минималните ергономски барања што треба да ги исполни велосипедот:

  • Можност за постигнување исправена положба при седење
  • Местење на воланот по висина и агол
  • Ефикасна амортизација (напред и назад) со можност за местење
  • Седиште што се мести по висина, агол и должина
  • Низок рам за прекачување
  • Ниска тежина

Кај електричните велосипеди дополнително треба да се внимава на досегот на батериите (најмалку 40 километри), како и на лесното отстранување на батериите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стартуваше производството на новата Škoda Superb

BMW Z4 GLTM за 40-годишнината од првата победа во Себринг