за

Возачки почетник фатен со папагал како придружба за возење

Британка на возраст од 55 години вежбала возење со папагал како замена за искусен возач на совозачкото место. Полицијата ја запрела, светот се смее.

Британската полиција го запрела возилото со налепница Л поради пребрзо возење на автопат. При контролата на 55-годишната возачка службениците утврдиле дека на совозачкото место отсуствува придружба од искусен возач. Нејзината придружба бил папагал.

Пробната возачка дозвола во Британија доволува управување возило во цел на стекнување возачко искуство, но само во придружба на искусен возач, кој треба да биде на возраст над 21 година и да има најмалку три години возачко искуство.

Полицијата не одолеа да ја обелодени случката и ја објави веста на социјалните мрежи: „Птицата не соодветствува на законите ниту во поглед на возраста, ниту во поглед на возачкото искуство. Според тоа, папагалот не одговара за совозач, затоа што папагалите не се дозволени во функција на надгледување како совозачи“, напиша полицијата. Возилото е одземено, возачката и папагалот добиле само предупредување. Меѓу другото, Британката воопшто и не смеела да вози по автопат со пробната возачка дозвола.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Купувачи на автомобили најдобро се привлекуваат со скара!

Италија во шок: Fiat се сели во Холандија