за

Возачите на Tesla стануваат тест возачи за новите технологии

Tesla ги вклучува сопствениците на возилата во развој на технологијата на автономното возење. Тие ќе го тестираат софтверот во реални услови и ќе обезбедат вредни сознанија за усовршувањето на техниката.

Возачите на Tesla стануваат тест возачи. Нова идеја на шефот Илон Маск е сопствениците на возила да станат дел од развојот на технологијата на автоматизирано возење. Автопилотот на Tesla ќе преземе некои задачи на возачот, ќе ја следи сообраќајната лента и ќе одржува правилно растојание од другите возила. Покрај тоа, софтверот ќе може самостојно да го запира и забрзува возилото.

Првата верзија од овој софтвер ќе им се дистрибуира на избраните возачи за проектот. Тие ќе го тестираат софтверот во реални услови и ќе постават предизвици пред системот какви што професионалните тест возачи не би можеле да направат. Автопилотот на Tesla е сличен со системот што го користи Audi, прикажан на саемот на електроника во Лас Вегас.

„Автопилотот  нема да го преземе целосното возење од возачот, односно возачот нема да може да се занимава со други работи,“ најави Илон Маск на телефонска конференција за финансискиот биланс на компанијата. „Не сакаме да создадеме претстава дека не мора да се внимава на тоа што го прави автомобилот,“ кажува шефот на Tesla.

Автопилотот на Tesla може да се спореди со авионите, каде што пилотот мора да го следи системот и да биде подготвен да интервенира во секое време, но не смее да заспие. Маск исто така нагласи дека верзијата што сега ќе ја тестираат првите возачи нема да биде конечната верзија, туку ќе продолжи да се усовршува пред да биде применета во возилата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германците плаќаат во просек по 28.153 евра за нов автомобил

Новата Kia Optima ги напаѓа премиум моделите во средната класа