за ,

Вложувањето во олдтајмери носи заработка и до 200 проценти

Европскиот пазар на олдтајмери е раздвижен како никогаш досега. Ниските камати и стравувањето од пад на вредноста на недвижнините доведоа до тоа мудрите инвеститори да посегнуваат сé почесто по вредни олдтајмери.

Пазарот на олдтајмери и јангтајмери доживува вистински бум во последните неколку години. Во услови кога каматите на влоговите се ниски и внимателно се вложува во недвижнини во очекување на пад на нивната вредност, Европејците сé почесто ги гледаат старите автомобили како добра инвестиција. Но, кој сака да заработи од тргување со олдтајмери, не може секогаш да избира според вкус или желба, туку мора да ги познава и почитува движењата на пазарот и да се раководи според истите. Некои модели можат и да изгубат на вредност.

porsche 911 turbo 1975Најсигурна инвестиција засега се олтајмерите од германските марки. Вредноста на Porsche 911 од генерациите 993 и 964, како и на моделот од генерацијата G, забележува рапиден пораст во последно време. Кај последниов модел, вредноста се зголеми дури за 137 проценти во споредба со 2011 година и за дури 41 проценти во споредба со лани. Во поглед на порастот на вредноста предводи Lamborghini Countach со 218 проценти.

Но, расте вредноста и на автомобилите што некогаш претставувале дел од уличното секојдневие, како на пример на кабриолетот од серијата 3 од генерацијата Е30, со пораст од 100 проценти во споредба со 2011 година или на првата генерација на Golf GTD, чија што вредност порасна за над 60 проценти. Повеќе вреди и Mercedes W123, особено во комби изведбата, со раст од 20 проценти во споредба со лани. Спротивен тренд постои кај купето од легендарниот модел. Неговата вредност за истиот период се намали за околу 15 проценти.

Се предвидува раст на спортските јангтајмери

Експертите предвидуваат дека понатаму ќе следува голем раст на вредноста на поновите спортски модели. Родстерот BMW Z1 од периодот меѓу 1988 и 1991 година, денес вреди повеќе отколку на времето. Баварската марка тогаш го ценеше својот уникатен родстер на 44.000 евра. Наспроти тоа, првиот автомобил од марката, BMW Dixi од 1929 до 1931 година, во последните десетина години изгуби над 20 проценти од пазарната вредност и денес се проценува на нешто повеќе од 13.000 евра во средно сочувана состојба.

Расте вредноста и на „народските“ автомобили. Golf GTD I станува исплатлива инвестиција
Расте вредноста и на „народските“ автомобили. Golf GTD I станува исплатлива инвестиција

Под ценовен притисок во моментов се наоѓа и првата генерација на комбито на Volkswagen. До 2014 година, вредноста на T1 растеше рапидно, за веќе од минатата година да започне голем пад на вредноста на моделот. Во многу подобра ситуација е неговиот наследник, Volkswagen Transporter од втората генерација, чијашто вредност расте. Најмногу изгубија сопствениците на Opel Omega A. Таа сега вредноста за над 40 проценти помалку.

Најсреќни може да се чувствуваат сопствениците на BMW 507. Елегантниот родстер денес вреди 25 пати повеќе отколку на ново, односно во совршено сочувана состојба се проценува и до два милиони евра. Овој модел што многумина го ценат како еден од најубавите автомобили воопшто, во периодот меѓу 1956 и 1959 година се произведе во само 254 примероци. Во моментов не постои олдтајмер на BMW што е поскап од „507“.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекорден дрифт за Nissan GT-R: Лизгање со 300 километри на час

Фабрички реставриран Porsche 911 ѕвезда на „Техно Класика“