за

Викенд во духот на историјата во Еуроимпекс

изложба на историски возила еуроимпекс скопје пежо peugeot

Дури 85 олдтајмери се собраа викендов во Скопје да потсетат на старите времиња. Настанот во организација на Еуроимпекс и АМК Џип рели спорт привлече многубројна публика и силно медиумско внимание.

Во услови кога главнината од возниот парк ни го сочинуваат автомобили произведени во средината на последната декада од минатиот век, саботниот собир на автомобилите во дворот на Еуроимпекс можеше оддалеку да подзаличи и на плац за продажба на малку повеќе користени автомобили, но тоа што фактички се случуваше несомнено е настан од и за историјата на Македонија. Како што најавија увозникот на Peugeot и авто мото клубот Џип рели спорт, на Деветтата меѓународна изложба на историски возила продефилира впечатлив број на вредни олдтајмери.

„Денес сме домаќини на 85 историски примероци, од кои 11 се од брендот Peugeot. Кога ќе се повлече паралела, очигледен е заклучокот дека локацијата за оваа меѓународна изложба со историски возила е мошне внимателно избрана. Имено, Еуроимпекс е една од првите приватни компании во Македонија, а Peugeot брендот пак е познат по својата повеќе од 200-те годишна историја“ – изјави Генералниот директор на Еуроимпекс, г-динот Кирил Воиновски, по што тој и свечено ја прогласи изложбата за отворена.

Љубители на автомобилизмот, пасионирани сопственици на олдтајмери, ведри, насмеани лица и многу посетители гости… Историските возила и големото тест возење на Peugeot внесоа свежина овој викенд во Скопје. Неколку повпечатливи моменти од изложбата: Најстар изложен автомобил беше Fiat Topolino од 1936 година, најстаро возило од марката на домаќинот беше Peugeot 404 од 1968 година, најстар мотоцикл беше Java од 1930 година, а на одушевување на повозрасните посетители, на изложбата се појави и скутерот NSU Pretis Precis, популарен во целиот регион во 1960-те години.

„Оваа IX-та по ред меѓународна изложба со историски возила е една од најголемите кои досега се реализирале во Македонија. Ни беше голема чест да соработуваме со сите приватни лица и создадеме можност да ги претстават своите олдтајмери на македонската јавност. Оваа година изложбата броеше речиси дупло повеќе изложувачи од минатата година, а доколку се навратам во минатото, беше и најпосетена изложба досега“ – изјави г-динот Димитрије Пеливанов, претседател на АМК Џип рели спорт“ и делегат на оваа изложба.

Покрај Деветтата изложба на историски возила, посетителите имаа можност да тестираат актуелни модели на Peugeot. „Интересот за тест возење беше навистина голем. Европскиот автомобил за 2014-та година, новиот Peugeot 308, беше најпосакувано возило за тест но, не заостануваа ни другите модели. На овој настан за прв пат во Македонија, сите заинтересирани лица имаа можност да направат компаративно тест возење на тјунирано и нетјунирано возило. За таа цел имаме на располагање две возила од новиот Peugeot 308 1.6 HDi мотор. Пред салонот на Peugeot, гостите имаа прилика да го посетат штандот на Тотал масло и да погледнат презентација за репарирање на ветробранско стакло.“ – изјави Ивана Манчева, маркетинг директор во Еуроимпекс.

Во продолжение следуваат возилата што освоија признанија од публиката и од техничката комисија на Деветтата изложба на историски возила:

 

Најдобро реставриран автомобил

Citroen DS од 1969 година

Сопственик: Ѓорѓи Христов

 

Најдобро реставриран мотоцикл

DKV RT од 1953 година

Сопственик: Љупчо Милошевски

 

Најдобро реставриран кабриолет

Fiat Spider од 1977 година

Сопственик: Бејтула Селмани

 

Најдобро реставрирано теренско возило

Jeep Wilys од 1943 година

Сопственик: Саше Несторовски

 

Најдобро реставриран велосипед со помошен мотор

ROG Pony Express од 1973 година

Сопственик: Марија Стамболиска

 

Најстар автомобил на изложбата

Fiat Topolino од 1936 година

Сопственик: Благоја Спасовски

 

Најстар мотоцикл на изложбата

Java 150од 1930 година

Сопственик: Ване Шандев

 

Најстар автомобил од брендот Peugeot

Peugeot 404 од 1968 година

Сопственик: Златко Буцевски

 

Најдобро реставриран автомобил од брендот Peugeot

Peugeot 404 од 1970 година

Сопственик: Кирил Воиновски

 

Најдобар јангтајмер на изложбата

Opel Kadett од 1987 година

Сопственик: Стефан Стојмановски

 

Најдобро реставриран автомобил од изложувачите од странство

Zastava 101 од 1976 година

Сопственик на автомобил: Данило Петровиќ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi RS5 TDI користи електрично турбонатполнење

Дијагностика на автомобилот преку мобилен телефон