за

Видео: Кинез го направи најмалечкиот автомобил во светот

Маката ги учи луѓето на креативност. Кинез на 60-годишна возраст по долги години го изработе мини-автомобил за избегнување на сообраќајниот хаос во Шангај.

Шангај има најлош сообраќај од сите градови во Кина, којашто и без тоа го има најголемиот сообраќаен хаос во светот. Пронаоѓачот Џу Жијун, кој мора секојдневно да се соочува со метежот по шангајските улици на пат до работа и за обавување на какви било обврски, пред повеќе години реши да му се спротивстави на хаосот во неговиот град. Тој проектираше автомобил и сам го состави во домот. Димензиите се 23 х 35 х 40 сантиметри, а трошоците за изработка изнесуваат само 1.500 јуани или околу 195 евра. Кинескиот пронаоѓач потроши две години да го изработи мини автомобилот. Исто како и големите автомобили, тој поседува мотор, сопирачки, мануелен менувач, па дури и радио.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford најавува нов Focus RS и основање перформанс-тим

Совети: Што постигнуваат широките гуми?