за

Вака се штеди гориво

Во услови кога се внимава на секој денар, потрошувачката е од примарна важност. Од возилата не можеме да се откажеме, преостанува само штедење.

Основен предуслов за штедливо возење е добро одржуван мотор, правилна функција на сите компоненти на возилото и редовно менување на моторното масло. Затоа е незамисливо прескокнување на сервисните интервали, со цел да се заштеди на возилото.

Челичното правило гласи: Колку е поголема тежината на возилото, толку е поголема и потрошувачката на гориво. Затоа од возилото треба да се отстрани непотребниот баласт. Куферот со алат, детската количка или кантичката за гориво не мора постојано да се наоѓаат во возилото. Кога повеќе не се користат, носачите за багаж на покривот треба да се отстранат од возилото. При брзина од 130 киометри на час, багажникот ја зголемува потрошувачката на гориво за два литра!

Нискиот притисок во гумите значи зголемен отпор при тркалање. Со редовна проверка на притисокот во гумите се спречува непотребно трошење на горивото. Ако гумите се напумпаат на вредност за полна носивост на возилото, се смалува комфорот во возење, но се смалува и отпорот на тркалање. Речиси сите производители на гуми денес нудат специјални гуми со смален отпор на тркалање, кои што заштедуваат околу 0,3 литри на сто километри. При 10.000 километри годишно, тоа значи заштеда на 30 литри гориво, односно 2.100 денари со актуелните цени на дизелот.

Нежното притискање на педалот за гас исто така е основен предуслов за штедливо возење. Поаѓањето треба да биде колку е можно повнимателно, а потоа рано да се префрлува во повисок степен на пренос. Како ориентација, тоа значи префрлување во повисок степен при 2.000 вртежи за бензинци, односно 1.500 вртежи за дизелски мотори. За време на возењето исто така треба да се одржуваат околу 2.000 вртежи на моторот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

редовно одржување на клима уредот

Пролетна проверка на клима уредот

Kia Carens: Добар изглед во сериската опрема