за

Вака се развиваше безбедноста: Од Seat 600 до Ibiza со 6 воздушни перници

Шпанската марка нé потсетува како напредуваше безбедноста на автомобилите во последните шест децении, со оваа споредба меѓу Seat 600 и актуелната Ibiza FR. Сето тоа е добро познато, но секогаш е задоволство повторно да се види овој симпатичен автомобил што Шпанците го изработуваа под лиценца на тогашниот партнер Fiat.

Потпирачи за глава, безбедносни ремени што ја приспособуваат силата на затегање, воздушни перници што се активираат под дејство на експлозивно полнење или систем што го спречува блокирањето на тркалата при силно сопирање? Ништо од оваа техника не беше достапно во времето кога Seat го произведуваше моделот 600 под лиценца на тогашниот партнер Fiat. Дури и безбедосните ремени тогаш беа во зачетокот од нивната масовна примена и покрај тоа што дејствуваа чисто како статични ремени, возачот мораше сам да го дотерува ременот според пропорциите.

Seat 600 не располагаше ниту со потпирачи за глава, коишто денес ја обезбедуваат суштинската заштита при удар одзади и го спречуваат опасното истегнување на вратот наназад. Настрана активните потпирачи за глава што дури и се поместуваат нанапред, за растојанието до главата да се сведе на минимум при судир и на тој начин да се намали секаква опасност од повреда.

Шест воздушни перници како стандард во Seat Ibiza за заштита од челен и страничен судир и страничен удар во столб или дрво

Воздушните перници беа апсолутна непознаница во браншата и во 1963 година, од кога потекнува примерокот на Fiat 600 D од видеото на Seat. Нивното масовно вградување започнува дури во средината на 1990-те години. Денешната Ibiza располага со шест воздушни перници, за заштита при челен или страничен судир, како и при страничен удар во дрво или столб.

Bezbednosta od Seat 600 do Seat Ibiza

Сопирачките се следното подрачје од пасивната безбедност на автомобилите што претрпеа суштински промени. Во споредба со барабан сопирачките на Seat 600, кои не располагаа ниту со засилувач на силата на сопирање, беа чувствителни на прегревање и воопшто располагаа со мала моќ на сопирање, во спортската Ibiza FR работат диск сопирачки со пречник поголем и од тркалата на „600“, но и со систем што го спречува блокирањето на тркалата при нагло сопирање, на тој начин скусувајќи го патот на сопирање и овозможувајќи управливост на возилото во критичните ситуации. Секако дека притоа се важни и димензиите и конструкцијата на гумите, кадешто исто така се работи за драстични разлики.

Во вратите е најочигледна разликата во безбедносната структура

Најочигледната разлика е во дебелината на вратите. Наспроти сипатичното автомобилче конципирано од италијанскиот гигант во средината на 1950-те години, актуелната Ibiza располага со неспоредливо подебели врати, со комплицирана безбедносна структура, на што се надоврзуваат и соодветно конструирани прагови, коишто сочинуваат заедничка структура со вратите во случај на судир.

Bezbednosta od Seat 600 do Seat Ibiza

Безбедноста напредуваше со огромно темпо во минативе децении и ќе премине во следниот развоен степен, откако во автомобилите ќе проработи техниката за автономно возење, за којашто производителите веруваат дека ќе придонесе за намалување на опасноста од судир.

Bezbednosta od Seat 600 do Seat Ibiza

Најважниот елемент во безбедноста сепак претставува возачот и во тоа не се променило ништо, ниту пак ќе се менува. Оттаму, Seat 600 по оваа споредба не излегува како општа опасност на патиштата, туку како симпатично автомобилче што верно го доловува духот на минатите времиња.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Амфибиски автобус на редовна бродска линија во Хамбург

Mercedes-AMG GLC 43 Coupé ја извлекува целосната динамика од креацијата на македонскиот дизајнер