за

Вака реагираат Британци кога возач се однесува како да е оттука

Автомобил што вози по тротоар или чека да се вклучи на пешачки премин е секојдневна слика по нашите улици. Како би изгледало кога македонски возач со своите навики би се појавил по улиците во некој британски град, погледнете на видеото.

Кога оваа снимка би била направена по нашите улици, тоа нема да биде никаков спектакл. Но, не е. Снимката потекнува од велшкиот град Свонси. Несмасен возач чека да се вклучи на крстосница среде пешачки премин и никој од минувачите нема поим како тој се нашол таму. Ниту возачот очигледно нема идеја како да се вклучи. Сообраќајниот надзорник се обидува да го насочи правилно, но на овој му е тешко да сфати, по што следи: „Ќе убиеш некого!“

Сето тоа се претвора во забава за минувачите, кои смеејќи се го сожалуваат кутриот. Како завршува оваа непредвидена авантура, погледнете на видеото.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini Countryman: Возачко уживање во секоја пригода

Смртноста по македонските патишта е иста како во Суринам или Катар