Специјалистот за електричен погон Nissan и реномираното дизајнерско студио Foster + Partners ја покажуваат замислата за иднината во којашто самите автомобили стануваат „бензински станици“.
Nissan неодамна ја претстави замислата за иднината на мобилноста во соработка со прочуеното дизајнерско студио Foster + Partners. Според водечкиот светски производител на електрични автомобили, во иднина самите возила ќе бидат станици за полнење гориво. Преку двеминутно видео, во коешто се појавуваат електричниот бестселер Nissan Leaf и футуристичкиот IDS Concept, се прикажуваат промените во секојдневното живеење што ни пристигаат со развојот на технологијата.
Возилата на Nissan во иднина ќе се поврзуваат со домот, за да ги полнат сопствените батерии, но по потреба и да испорачуваат енергија од батериите за домот или за струјната мрежа. Полнењето на батериите ќе се врши преку индукција, без потреба од користење кабел. Покрај тоа, технологијата на автономно возење и комуникацијата на возилото преку интернет исто така ќе придонесат за револуцијата во начинот на користење и дистрибуција на енергијата во европските метрополи.
Денес повеќе од половината од светското население живее во градови, а до 2050 година, седум од секои десет жители ќе живеат во урбани средини, што условува навремено да се интервенира во инфраструктурата со цел да се подржи овој растеж. Nissan моментно тестира систем за поврзување на возилата во струјната мрежа, кој во комбинација со стари батерии од електричните автомобили во домот, ќе овозможи возилата да се претворат во посебни енергетски станици, кои ќе се снабдуваат со струја за полнење, но по потреба и ќе испорачуваат енергија во струјната мрежа кога возилото мирува.
[FAG id=24280]