за

Бугарски Passat во трагикомедична сцена пред германската полиција

Сцена од балкански филм во реална изведба пред германската полиција

Полицијата во Хесен доживеала реална сцена на трагикомедија откако го запрела претоварениот бугарски Passat со чудна приколка. Но, и самиот автомобил не бил во подобра состојба.

Дневниот билтен на полицијата во германската покраина Хесен открива необична случка на автопатот А7, во близина на Хаселберг. Службениците запреле сомнителна влечна композиција од автомобил и приколка, откако повеќе возачи што се разминале со возилото во близина на Касел ја информирале полицијата за необичната глетка. При увидот било утврдено дека приколката е од домашна изработка, претежно со користење делови од запрежна кочија, но се утврдило дека и плинскиот уред во багажникот на бугарскиот Passat исто така бил изработен самоделски. Полицијата се преплашила откако почувствувала силна миризба на автогас при контролата на возилото. Бугаринот на возраст од 53 години, кој според сопствено тврдење е хроничен пушач, добил строга забрана за пушење од полицијата.

Германците се избезумиле откако забележале силна миризна на плин околу возилото. Бугаринот, инаку, спокојно пушел возејќи го својот Passat
Германците се избезумиле откако забележале силна миризна на плин околу возилото. Бугаринот, инаку, спокојно пушел возејќи го својот Passat

Записникот содржи 17 недостатоци на влечното возило, во случајов Volkswagen Passat од пред четири генерации, како и 13 недостатоци на приколката. Во продолжение само најзастрашувачките факти:

  • Плинскиот уред во багажникот бил прицврстен со обични ремени и се чувствувала силна миризба на гас.
  • Самоделската влечна кука заварена со метални цевки била кородирана на повеќе места.
  • Сопирачките на Passat речиси не дејствувале и сопирале нерамномерно.
  • Приколката во најголемиот дел била кородирана и самостојно заварената руда на приколката веќе била откачена

Приколката е приказна за себе. Задниот дел потекнува од рускиот „Москвич“, а инвентивниот пронаоѓач искористил и седиште од коњска запрега и градежна челична плоча заради зголемување на товарната зафатнина на приколката. Покрај тоа што приколката не поседува каков било атест, истата била и претоварена, за точно 111 проценти. Место дозволена вкупна тежина од 350 килограми, службениците добиле фактичка тежина од 740 килограми. По извршеното меррње во Хомберг, Бугаринот во полициска придружба бил упатен да го остави возилото во најблискиот отпад, затоа што трошоците за поправка на приколката и автомобилот неколкупати ја надминувале неговата реална вредност. По оставањето на возилото во отпад, 53-годишниот Бугарин се јавил на својот свекор во Дуизбург, којшто пристигнал да го одвезе во својот дом во Хомберг. Поради управување на претоварен автомобил Бугаринот треба да плати парична казна во висина од 470 евра.

bugarski passat kuka
Влечна кука изработена од металницевки, целосно кородирана и деформирана

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мобилна апликација ќе го паркира „Мерцедесот“ во иднина

Амортизерите се ‘рбетот на возилото: Проверувајте ги редовно