за

Брод-робот со електричен погон вози самостојно

Норвешките научници веруваат дека големите морски бродови во иднина ќе крстосуваат без загадување на животната средина и ќе бидат управувани од компјутери.

Бродови без екипаж? Тоа е проблем, затоа што според меѓународното морско право тие се сметаат како заталкани бродови. Но, поинаку е во националните води, кадешто земјите сами ги донесуваат законите и можат да дозволат роботизирани бродови да пловат покрај нивното крајбрежје.

Токму тоа е идејата кај концептниот брод ReVolt. Овој брод со погон на струја, должина од 60 метри и капацитет за 100 контејнери вози самостојно. Развојот на ReVolt е дело на норвешко-германската фирма DNV GL од Осло.

Бродовите од типот на ReVolt можат да ги заменат 300-те транспортни бродови што се користат за дистрибуција на контејнерите од големите до помалите пристаништа. Техниката е веќе созреана и во тој поглед не постојат ограничувања за брза реализација на идејата. ReVolt поседува сателитска навигација, електронски карти ECDIS, оптичко мерење на растојанието и брзината преку ласер (лдиар), автоматско препознавање на бродови AIS, којшто предупредува при опасност од судир меѓу бродови, како и камери.

Причината што Норвежаните ја избраа струјата како погонско решение меѓу другото лежи и во фактот што тие масовно произведуваат струја од енергијата на водата, при што воопшто не се загадува животната средина. Покрај тоа, електричниот бродски погон постигнува степен на ефикасност од 60 проценти, што е многу повеќе отколку со дизел моторите. Друга предност на електричниот погон е исклучително ниската потреба од одржување, затоа што единствени подвижни делови се пропелерите. Тие се сместени во посебни ротирачки капсули.

Тежината на батериите му дава и поголема стабилност на бродот, така што не е потребно полнење вода кога бродот не е натоварен. Капацитетот од 3.000 киловатчасови е доволен за 100 мирски милји, односно 185 километри. За батериите да траат подолго, брзината е ограничена на 11 километри на час. Полнењето на батериите трае четири часови, односно исто колку што е потребно за товарање и чистење на бродот. Замената на батериите се предвидува на секои 15 години.

Норвежаните моментно тестираат со триметарски прототип во фјордовите покрај Осло. Доколку ReVolt некогаш се изгради, со десет милиони долари нема да е поскап од брод со конвенционален погон. Затоа пак, за 30 години ќе се заштедат 34 милиони долари за оперативни трошоци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русија одвојува 150 милиони евра за замена на старите автомобили

Стартува со продажба фејслифт изведбата на Peugeot 508