за

Британците имаат нова спортска марка: Avatar тежи само 700 килограми

По една година од претставувањето на прототипот, Avatar стартува со сериско производство. Спортскиот двосед ветува врвни возни својства, како резултат од исклучително ниската тежина. Само името потсеќа на измислен лик од виртуелниот свет, родстеров е наполно реален: Avatar спринтува до сто за помалку четири секунди, а има и интересна цена.

Новата британска марка е подготвена за испорака на првите примероци од родстерот Avatar. По стотина преправки на лани прикажаниот прототип, спортскиот двосед со 254 КС ќе се појави на патиштата веќе напролет.

Со тежина од 695 килограми и дволитарски Ford Ecoboost вграден надолжно пред задната оска, новиот британски родстер забрзува до сто за четири секунди и постигнува крајна брзина од 233 километри на час. Изборот на амортизери Nitron или бандажи Rota уверува дека при конструирањето на Avatar ништо не му е препуштено на случајот. Седиштата се обложени со кожа, има грејачи во ветробранот, а избор на сопственикот е дали фирмата од Девон ќе го испорача возилото со покрив, клима и греење или радио со подршка за Apple CarPlay и Android Auto – без доплата.

Stand 19420 (Hall 19 entrance)…Come and check out our new demonstrator…

Posted by Avatar Sports Cars on Friday, January 13, 2017

Avatar е достапен и во изведба со 2,3-литарски мотор од Ford Focus RS, со 355 КС и шестстепен менувач назад, со што спринтот се скусува за 0,4 секунда. Може да се избере и секвенцијален седумстепен менувач Qualife.

Британците можат да извршат секакви преправки според желбите на купувачот

Конструкцијата е бескомпромисно спортска: Алуминиумска носечка рамка, школка од фиберглас, возачкото седиште е поместено навнатре заради подобра распределба на тежината, а на тоа може да се додаде и заштитен кафез, резервоар преграден со пена, камери GoPro, заден спојлер и механичка блокада на диференцијал.

Сопственик е Тери Метјуз, познат од уште една британска марка спортски автомобили, Marlin. Спортската марка целосно излегува во пресрет на барањата на купувачите и може да изведе индивидуално дотерување на подвозјето, боја по желба или посебна изведба на кабината. Производството се одвива кај Marlin, планирано е да се изработат најмногу 50 примероци. Иако е релативно мала компанија, Avatar нуди тригодишна гаранција без ограничена километража и сервисирање на моторот во мрежата на Ford.

Цената за основната изведба изнесува 39.990 фунти или околу 46.000 евра.

  Avatar Roadster 2.0 Avatar Roadster 2.3
Тежина 695 kg 695 kg
Мотор 2.0 Ford Ecoboost 2.3 Ford Ecoboost
Моќност 254 КС; 2,73 kg/КС 355 КС; 1,96 kg/КС
Вртежен момент 400 Nm 440 Nm
Крајна брзина 233 km/h 265 km/h
0-96 km/h 4,0 s 3,6 s
Должина 3660 mm 3660 mm
Ширина 1850 mm 1850 mm
Меѓуоскино растојание 2286 mm 2286 mm

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овие пет аждери ја чекаат спортската изведба на Toyota Yaris

Sorento Masterpiece е прв модел од Kia поскап од 60.000 евра