за

Брзопотезни милионери: Porsche 918 Spyder веќе распродаден

Тие што сакаат да си набават Porsche 918 Spyder подобро нека поитаат. Од хуперспортскиот автомобил останаа само уште неколку примероци.

Porsche планира да го произведува суперавтомобилoт 918 Spyder до јули следната година, а списокот на нарачки е целосно пополнет веќе до април. Остануваат само неколку слободни примероци што ќе се произведат во последните месеци, а и за нив владее голема трка меѓу заинтересираните купувачи. Досега се испорачани само 30 примероци од 918 Spyder. Редовната цена на моделот изнесува околу 800.000 евра, но за разлика од моделите од „конфекциската“ продукција, крајната цена на 918 Spyder секогаш е повисока од таа што е наведена на хартија. Во секој случај, суперавтомобилот на Porsche е неспоредливо поевтин од ривалите McLaren P1 и Ferrari LaFerrari.

Обата конкурента исто така се веќе пред целосно распродавање. McLaren испланира продукција од 375 примероци од Р1, додека Ferrari постави лимит на 499 примероци од LaFerrari. Кај McLaren постои можност да се нарача верзија GTR, но само за клиенти што веќе поседуваат „стандарден“ P1, додека за Ferrari се шпекулира дека тестира хардкор верзија LaFerrari XX за тркачка патека.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

30.000 нарачки за новата Opel Corsa

Овој Ford има три срца: Mondeo со хибриден погон