за

Бразилскиот Ka ќе биде новиот основен модел на Ford?

Ford најави нов модел за европскиот пазар кој ќе биде претставен на светскиот мобилен конгрес во Барселона за две недели. Се очекува дека тоа ќе биде европската верзија на новиот Ka, кој веќе се продава на бразилскиот пазар.

Ford најави дека ќе одржи промоција на нов модел за европскиот пазар на претстојниот светски мобилен конгрес, кој стартува за две недели во Барселона. На манифестацијата за мобилна технологија која што е најголема од овој вид во светот, со близу 100.000 посетители и изложувачи од над 200 држави, Ford ќе ги претстави најновите системи и услуги од полето на мобилната технологија во своите автомобили.

Novo Ka_29Секако дека особено интригира мистериозноста на најавата за новиот модел. Ford уште не открива конкретно за кој модел станува збор, но затоа може да се претпостави дека тоа ќе биде европската верзија на Ford Ka, којашто пред повеќе од една година започна да се производува во Бразил. Веројатноста дека станува збор за Ka ја потврдуваат и шпионските фотографии од прототипите кои пред извесно време беа уловени од „карпараците“ на тестирање по европските патишта. Ford досега не потврди, ниту пад одрече дека бразилскиот Ka ќе се продава и на пазарите во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche mission e

Автопроизводителите лани инвестирале 52 милијарди евра во развој

Mazda подготвува две европски премиери за салонот во Женева