за

Бонус од 8111 евра за вработените во Porsche

Спортската марка ги цени своите работници и на посебен начин им се заблагодарува за одличните продажни резултати

Шефовите на Porsche ќе им исплатат на своите вработени бонус во висина од 8.111 евра, како чин на задоволство од постигнувањето на најдобриот годишен биланс во историјата на фирмата и во знак на одбележување на 50-годишнината на Porsche 911. Од појавувањето во 1963 година, спортската икона се продаде во преку 820.000 примероци.

Во 2012 деловна година, спортската марка од Цуфенхаузен ја зголеми продажбата на возила за една петина, а во исто време прометот и оперативниот резултат се подобрија за околу 25 проценти. Бројот на вработени исто така се зголеми, за 14 проценти. Околу 13.500 вработени во фабриките на Porsche во Германија ќе го добијат бонусот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Изнајми амбулантно возило да го избегнеш метежот!

ТЕСТ · SKODA RAPID 1.2 TSI