за

Благо-лута верзија на AMG се приклучува во гамата на Mercedes C-Class

На купувачите на кои C 63 како вистински модел од AMG им е премногу лут, Mercedes ќе им го понуди C 43 со битурбо натполнење и погон на сите тркала. Со 367 КС, и тој е опасен залак за каснување.

Заедно со светската премиера на кабриолетот од класата C, Mercedes за салонот во Женева подготвува и „блага“ верзија на AMG, во форма на C 43 4Matic Coupe. Трилитарскиот мотор V6 со битурбонатполнење ослободува 367 КС и тоа е солидна дополнителна доза сила во споредба со C 400 со стандардната верзија на овој мотор. Покрај дополнителните коњски сили, C 43 доаѓа и во комбинација со деветстепен автоматик и погон на сите тркала 4Matic.

Mercedes-AMG C 43 Coupé, (A 205), 2016Вртежен момент од 520 њутнметри се испорачува континуирано во подрачјето меѓу 2.000 и 4.000 вртежи. Исто како останатите верзии од AMG, C 43 во стандардни услови го распределува овој вртежен момент во сооднос 31:69, односно со нагласок на задниот погон и во интерес на динамиката во возењето. Спринтот до 100 километри на час со C 43 трае 4,7 секунди, а крајната брзина е џентлменски ограничена на 250 km/h.

Mercedes-AMG C 43 Coupé, (A 205), 2016Според Тобијас Мерс, шеф на одделението AMG, новиот C 43 4Matic Coupe е „следното скалило во нашата стратегија за развој.“ Идејата со моделите од „серијата 43“ е во неа да се пренесат карактеристичните гени на AMG, истите како во GT или во моделите „63“, но во сегмент што е малку поблиску до купувачите.

Mercedes-AMG C 43 Coupé, (A 205), 2016Исто како кај големиот брат C 63, возачот може да избира неколку програми за возење, коишто влијаат соодветно врз електрониката на моторот, приспособливата амортизација, стратегијата на промена на степените на пренос и врз управувањето. За „послабиот“ модел да не се приближува со изгледот до екстремниот C 63, браниците и сопирачките дискови зад бандажите од 18 инчи се малку поумерени. Стандардно за AMG, спортските седишта се обложени со вештачка кожа и со штепови во црвена боја, а и безбедносните ремени се во истата боја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan се испробува во улога на италијански дизајнер

Seat ги поврзува во мрежа автомобилот и сопственикот