за

Бер Грилс е новиот амбасадор на Land Rover

Познатиот британски авантурист Бер Грилс во следните неколку години ќе биде заштитно лице на Land Rover на глобално ниво. Негова прва задача е промоција на новиот Discovery Sport.

Како едно од најпрепознатливите лица во светот на авантурите и опстанокот, Бер Грилс е верно олицетворение на духот на Land Rover, со неговото искачување на Монт Еверест и со водењето експедиции од Арктикот до Антарктикот. Тој ќе биде составен дел од глобалното лансирање на новиот Discovery Sport, чијашто премиера претстои на 3-ти септември на www.landrover.com.

За неговото ангажирање во марката, Бер Грилс изјави: „Сум користел возила на Land Rover во целиот мој живот, за време на мојата војничка кариера, на безброј експедиции и за време на снимањата, од пустини и џунгли до највисоки планини. Во Land Rover сé е авантура, а авантурата отсекогаш била впишана во мојот генетски код. За најголемите предизвици, Land Rover секогаш ќе биде возилото што ќе го изберам и поради тоа сум горд што се поврзувам со марката.“

Телевизиските емисии на Бер Грилс се меѓу најгледаните програми на планетава со проценета гледаност од 1,2 милијарда луѓе, тој има 1,16 милион фанови на Twitter и преку 4,8 милиони лајкови на Facebook. Како дел од неговата амбасадорска функција, Бер ќе ја подучува 22-годишната Алекс Вудворд во адреналинска авантура што ќе почне да се емитува за неколку месеци. Во февруари, Алекс триумфираше на Discovery Adventure Challenge, против четворица други натпреварувачи, во серијата од тестови, вклучувајќи возење слалом на снежна патека, тест на силина и техника со влечење товар од 180 килограми и трка со кајаци на Женевското езеро.

Видео најавата за премиерата на Land Rover Discovery Sport:

http://youtu.be/ubZfG_AtHO4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бубата на Volvo наврши 70 години

Русите ќе го намалат производството на Lada