за

Банка во САД им подметнувала скапо осигурување на кредитни корисници

банка америка измама

Американската банка Wells Fargo ја тресе нов скандал. Овојпат стотици илјади корисници на автомобилски кредит биле измамени, затоа што банката без нивно знаење вклучувала скапо осигурување во месечната отплата. Многу автомобили се одземени, сметките испразнети.

Една од најголемите американски банки е на пат целосно да ја изгуби довербата на корисниците. Wells Fargo оштетила над 800.000 корисници, пресметувајќи им скапо осигурување во месечната отплата на автомобилскиот кредит. Корисниците воопшто не биле информирани дека од сметката им се повлекуваат овие дополнителни средства.

Кредитните корисници плаќале две осигурувања

Банката призна дека со години ја практикувала оваа „услуга“ и најави отштета во висина од десетици милиони долари. Финансиската куќа во периодот од јануари 2012 до јули 2016 година им склучувала скапи осигурителни договори на корисниците на автомобилски кредит. Во Wells Fargo вооопшто не земале предвид дека голем дел од овие корисници веќе имале склучено осигурителни договори со други компании, по значително поповолни услови. Покрај месечната рата и каматата, банката од сметката на клиентите редовно го повлекувала и трошокот за осигурувањето.

Тоа ја испразнило банкарската сметка на десетици илјади корисници, кои повеќе не биле во состојба да го отплаќаат кредитот. Автомобилите на повеќе од 20.000 клиенти се присилно одземени. Банката најави дека во следниот период ќе им плати отштета на своите корисници во висина од вкупно 80 милиони долари.

Новиот скандал доаѓа во најлошото можно лошо време за банката. Во претходникот случај, Wells Fargo отворила над два милиони банкарски и кредитни сметки на граѓани кои воопшто не биле нејзини клиенти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

rolls-royce phantom viii

Rolls-Royce Phantom VIII вози со сопствена уметничка галерија

bentley continental gt3 24h spa 500

Петстотини стартови на Bentley на тркачките патеки