за ,

Аферата Дизелгејт преоѓа во „Војна на правосмукалките“

Два производитела на правосмукалки се најдоа во војна, откако едниот фрли обвинувања дека конкурентот лажно ја прикажува енергетската потрошувачка на своите производи. Тоа неодоливо потсеќа на аферата со дизелите на Volkswagen.

Производителот на правосмукалки Dyson го тужи својот конкурент Bosch во Белгија, Холандија и Германија. Англиската компанија наведува дека Bosch манипулирал со вредностите на потрошувачката на електрична енергија кај неколку свои модели на правосмукалки, односно во нив постои електронски регулиран механизам кој помага уредите да покажат пониска потрошувачка на енергија од реалната и на тој начин да добијат подобар енергетски сертификат. Сопственикот Сер Џејмс Дајсон го споредува однесувањето на Bosch со манипулациите што Volkswagen ги изврши кај дизел моторите.

Гигантот Bosch ги побива обвинувањата и тврди дека сите негови правосмукалки се тестирани во согласност со директивите за еколошки дизајн на ЕУ. Bosch наведува дека регулативата на Унијата дозволува уредите да се тестираат со празна ќесичка за отпад, поради полесно споредување на различни модели и марки на правосмукалки. Англичаните го гледаат проблемот тука. Проблематичните правосмукалки на Bosch се тестирани со празна ќесичка. При полна ќесичка за отпад, сензорите во уредот ја зголемуваат енергетската потрошувачка од 750 на 1.600 вати. Според Dyson, во тој случај правосмукалките на Bosch не ја заслужуваат највисоката етикета за енергетска ефикасност АААА, туку само обична етикета Е или F. Производителот Bosch дообјаснува домаќински: Со зголемувањето на потрошувачката на струја се скусува работата со правосмукалката, поради што енергетската потрошувачка на крајот не е поголема, туку е дури и пониска.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Градот ги враќа пијаните возачи бесплатно до дома

Mitsubishi Outlander PHEV е најпродаван плагин-хибрид во Германија