за

Асистентот на Opel резервира соба и наоѓа место за паркирање

Opel го проширува обемот на услуги на системот Onstar, кој според производителот веќе се вградува во секое второ возило од марката на европскиот пазар. Новите можности на овој систем за пристап на интернет и користење услуги опфаќаат резервација на хотелска соба и барање слободно место за паркирање од страна на службеник на Onstar. Овие две услуги ќе бидат достапни од летово со стартот на продажбата на новата Insignia, а потоа ќе се понудат и во сите останати модели, од Adam до Zafira.

Возачот на Insignia Grand Sport во иднина ќе може да резервира хотелска соба уште додека е на пат и на тој начин да си обезбеди пристојоно преноќиште во град што не го познава. Преку синото копче, возачот контактира со службеникот на Onstar. Тој потоа ја врши хотелската резервација во бараниот ценовен опсег. Услугата се одвива преку booking.com, за којашто понудувачот тврди дека е водечки портал за хотелски резервации со повеќе од дводецениско искуство.

Мачното и долготрајно барање слободно место за паркирање ќе стане минато со втората нова услуга. Корисниците на Onstar можат да контактираат со сервисниот центар и да побараат најблиско паркиралиште. Серцвисниот центар потоа ја испраќа адресата директно до навигацискиот систем во возилото. На тој начин, преку услугата на Parkopedia може навреме да се најде соодветно место за паркирање.

Onstar е лансира пред година и пол. Услугата нуди автоматска дојава на незгода, дијагностика на возилото, пријава за кражна на возилото и безжично поврзување на мрежата. Од летото 2015 во сервисниот центар на Onstar се примени над 21.000 итни повици и регистрирани се над девет милиони интеракции, од кои половина се извршени преку паметен телефон, половина преку апликацијата My Opel. Преку мобилната апликација може да се проверат важни податоци за возилото, како ниво на масло или притисок во гумите.

Opel Onstar е повикан 1,2 милион пати од корисниците откако постои услугата. Бројот на месечни електронски пораки со дијагностички извештај за возилото е над 1,5 милион. Opel планира во иднина да понуди и потсетување кога на возилото му претстои сервисирање или кога дијагностиката ќе утврди можност за дефект. По барање на корисникот, овие информации може да се пренесат директно до сервис на Opel. На интернет страницата на Onstar е пристапено 2,3 милиони пати.

Onstar до крајот на годинава ќе се нуди во 33 европски држави, на 23 јазици.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Калифорнија против плановите на Трамп да ја извалка автоиндустријата

Финска ќе ја произведува и следната генерација на Mercedes A-Class