за

Америка се прашува: Кој ги превртува малечките Smart по улиците?

На улиците на Сан Франциско се превртени четири автомобилчиња од марката Smart. Американските медиуми во паника: Кој ги превртува автомобилите, радикални групи или само нафиксани безделници?

Цела Америка се прашува, дали се работи за планирани и синхронизирани напади на Smart или само си играат младите? Полицијата во Сан Франциско го сослуша единствениот светок, кој тврди дека забележал осуммина млади со капуљачи како се приближуваат до паркираниот Smart, со очигледна намера да му нанесат зло на беспомошното градско автомобилче. Потоа, осумчлената група го подигнала возилото и едноставно го превртела.

Полицијата веќе започнала истрага и располага со информации за сторителите. Вообичаено за американските медиуми, настанот е искористен да се извлече колку е можно поголем публицитет. Телевизискиот канал Fox-News смета дека се работи за планиран напад врз малечките возила и не пропушти да го остави настанот без политичка конотација. Експертите на Fox-News веќе го открија проблемот: „Овие автомобили се премали да се одбранат. Тоа навистина не е пристојно.“

Сличен проблем имаше и холандскиот град Амстердам, кога малечките „смартови“беа наоѓани потонати во многубројните канали низ градот. Но, тоа е сепак Амстердам, нема многу простор за сомневање околу тоа што ги „поттикнало“ луѓето да си поиграат со малечките автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ќе ве убеди Клаудија Шифер да купите Opel?

Fiat ги учи своите вработени на правилна љубов