за ,

Америка воведува данок за возење на струја

Американските политичари видоа проблем во колите со погон на струја – тие не трошат гориво, приливот од даноци за гориво во буџетот се смалува. Решението е воведување на посебен данок за возила со погон на струја.

Возилата со погон на струја се чисти и не ја загадуваат животната средина. Додека екологистите се радуваат на секој продаден автомобил со погон на струја, чуварите на државната ќеса ги кубат косите, барем така е во САД. Таму постојано се зголемува бројот на сојузни држави што планираат да воведат специјален данок за возила со погон на струја, со цел да се спречи смалувањето на приходот од даноците за гориво. Во Њу Џерси, на пример, возењето на струја е дури и поскапо од возење на бензин.

Сенаторот на оваа сојузна држава, Џејмс Велан, планира воведување на данок за возила со погон на струја. Сопствениците на овие возила ќе плаќаат данок во висина од 0,004 евроценти за секој километар што ќе го поминат со своите возила. Тоа можеби звучи малку, но при просечна километража од околу 19.000 километри се доаѓа до сума од 76 евра за една година. За истата годишна километража со возило со обичен погон се плаќа само 53 евра.

Њу Џерси не е единствената држава што го оданочува возењето на струја. Сопствениците на хибридни и електрични возила во Вирџинија плаќаат придонес за одржување на патиштата во висина од 50 евра годишно. Државата Вашингтон наплаќа дури 76 евра на име на оваа ставка. Причина за воведувањето на овие мери е смалувањето на приходот од даноци за гориво. Но, приходот не трпи само од возилата со погон на струја, туку и од фактот што е се поголем бројот на нови возила кои имаат помали и поштедливи мотори. Во минатата година во САД се продадоа околу 53.000 возила со погон на струја, при пазарен волумен од 14,4 милиони возила годишно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes го повикува Citan во сервис

Шпанскиот пазар расте со субвенцијата од 2.000 евра по возило