за

Американските концерни ја претркаа европската конкуренција

Концернот Volkswagen е на осмото место на најпрофитабилни фирми во Европа

Разликите меѓу САД и Европа се продлабочуваат. Додека големите американски коцерни продолжуваат да растат, нивните европски пандани стојат во место. Тоа нема да се промени ниту во второто полугодие.

Големите американски концерни ги претркаа нивните европски конкуренти во прометот и профитот во првото полугодие. Додека прометот на 300-те најголеми фирми во Европа стагнира, заедничиот промет на американските концерни се зголеми за пет проценти. Околу 80 проценти од фирмите во САД забележале растечки промет во првото полугодие. За споредба, во Европа тоа е случај само кај половината од фирмите, односно 52 проценти. Експертите предвидуваат дека разликите меѓу американските претпријатија и европските концерни ќе продолжи да се зголемува.

Меѓу клучните причини за тоа е украинската криза, но и слабиот развој во Русија, како и лошите пазарни услови во повеќето држави во Европа, што може да доведе дури и до криза во светската економија. Инфлацијата во Европа веќе неколку месеци е на толку ниско ниво што се стравува од дефлација што може да го уништи пазарот. Дефлација е спирала од намалување на цените и слабеење на економијата со неизвесна завршница.

Од друга страна, концерните во САД профитираат од добриот економски напредок, значително пониските трошпоци за енергија, понискиот степен на невработеност, како и големата оддалеченост од геополитичките судири на Блискиот Исток и во Украина. Кризата во Украина не влијае директно врз крајниот биланс, затоа што руската економија може во најголемиот дел да се компензира преку релативно добриот напредок на другите пазари. Се очекува ефектот да се почувствува посилно во втората половина од годината. Постои голема неивесност околу конфликтот со Русија. Тоа ја намалува довербата и ги запира инвестициите.

Парадоксално е тоа што токму руските концерни спречија европските фирми да заостанат уште повеќе зад САД. Благодарение на слабата рубља, руските концерни го зголемија прометот за 18 проценти. Најмоќните европски концерни сепак успеаја да ја подобрат профитабилноста. Неоданочената маржа, односно учеството на добивката во прометот, кај европските фирми во просек изнесува 9,4 проценти во првото полугодие, додека лани тој изнесуваше 9,2 проценти. Американските концерни предводат и тука, со маржа од 12,1 проценти.

Највисока добивка од сите 600 концерни има постигнато Apple со 22,7 милијарди евра. Меѓу индустриите, како во САД, така и во Европа, најмногу се издвојуваат фармакологијата и биотехниката. Германскиот концерн Volkswagen е на осмото место на најпрофитабилните фирми во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bentley Mulsanne Speed: 305 km/h за најбрзата луксузна лимузина во светот

Дволитарскиот бензинец на Volvo постигнува моќност од 450 КС