за ,

Американските власти ќе го казнуваат Fiat поради премолчани дефекти

Американските власти за безбедност во сообраќајот најавија дека ќе спроведат казнена постапка против Fiat Chrysler поради лошото спроведување на досегашните 23 сервисни повици за дефектните автомобили.

Истражителите на американската агенција за безбедност во сообраќајот го обвинуваат Fiat Chrysler дека во повеќе случаи, предоцна или воопшто не ги информирал властите и сопствениците, околу проблемите во возилата од марките што ги продава италијанско-американскиот концерн. Од агенцијата најавуваат дека пресудата ќе биде позната веќе во текот на месец јули.

Можно е да се изрече казна за откуп на дефектните возила

Кај повеќе од 11 милиони возила што биле опфатени во сервисните повици досега, Fiat Chrysler не ги извршил неопходните интервенции во прифатлива временска рамка, или пак, не понудил конкретна метода за отстранување на утврдениот дефект во возилата што биле опфатени во сервисниот повик. Fiat Chrysler може да се соочи со астрономска парична казна или пак со изречување на казна за присилен откуп на продадените возила, како обештетување на сопствениците на дефектните автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

EcoSport: Преработениот мини теренец на Ford стартува од ново

Италијанската полиција го избра Seat Leon за ново службено возило