за

Американската Honda извезува повеќе отколку што увезува

Филијалата на Honda во САД за прв пат извезе повеќе автомобили произведени локално отколку што увезе од фабриките на марката во Јапонија.

Honda отсекогаш продавала повеќе автомобили на странските пазари отколку на домашниот пазар. Тоа во меѓувреме стана вообичаено за речиси сите производители на автомобили во светот. Сега за прв пат во историјата, американската филијала на Honda испорача за извозните пазари во светот повеќе автомобили отколку што увезе од матичните фабрики на марката во Јапонија.

Во 2013 година, Honda и нејзината престижна марка Acura извезоа 108.705 возила произведени во фабриките на марката во САД, додека од Јапонија беа увезени 88.537 возила. Дополнителна причина за радување кај американската Honda е податокот за 1.309.917 возила произведени во САД, што претставува зголемување од 7,4 проценти. На целата територија на Северна Америка, пак, продажбата изнесува 1.781.213 возила.

Во последните три години Honda инвестираше околу две милијарди евра во проширувањето на својата мрежа во Северна Америка. Со тоа марката постигна 95 проценти од продажбата да биде постигната со возила произведени на американската почва.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot доаѓа со престижно купе на салонот во Пекинг

Десетте најпродавани автомобили во Кина