за

Ако тоа е изненадување: Qashqai е најпродаван Nissan во септември

Тројката кросовери на Nissan: Juke, Qashqai и X-trail

Јапонската марка денес ги објави резултатите од продажбата не европскиот пазар за минатиот месец. Интересна е бројката за продажбата на електричниот автомобил Leaf.

Продолжувајќи во насока на постигнување на целта, Nissan да стане најпродавана азиска марка на европскиот пазар, јапонскиот производител во септември продаде 68.753 возила во Европа, наспроти 66.303 возила во ланскиот септември. Со оваа продажба, Nissan покрива мошне задоволителни 4 проценти од пазарот. Не е изненадување дека кросоверите Qashqai и Juke остануваат најпродавани модели на Nissan на стариот континент. Солидна е бројката за најпродаваниот електричен автомобил на сите времиња, Leaf. Електромобилот на Nissan во септември се продал во 1.986 примероци, што е само половина помалку во споредба со продажбата, на пример, на класичниот модел Almera.

Најголем единечен пазар во Европа за Nissan е Велика Британија, со 21.723 возила во септември, пред Русија (13.003), Франција (6.904), Германија (6.621) и Италија (4.466). Меѓу моделите предводи Qashqai со 20.644 возила во септември, пред Juke (12.473), Note (7.536), Micra (7.410) и Almera (3.244 возила).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota останува највредна автомобилска марка според Interbrands

Англичанец заработе 250.000 евра од сопствениот пат